Фокус - Зошто Западот не го помага СДСМ во битката против Никола Груевски?
„Зошто Западот не го помага СДСМ во битката против Никола Груевски?“ - се обидува да даде свој одговор Фокус, одејќи со поднаслов: „Опозицијата пред невозможна мисија“. Неделникот тврди дека власта си игра мајтап со опозицијата. И, види чудо, странците сè уште ја толерираат!? Таа, пак, се радува на поддршката. Мисли дека Западот ѝ помага за џабе во „финалната пресметка“ со СДСМ. Зарем е можно, прашува неделникот, ВМРО-ДПМНЕ да не се гледа и себеси во партиите што не ги внесуваат во голем ризик само своите водства, туку и сите граѓани?! Да, таа порака на странците значи дека мечката што сега игра на Бихаќка, за кусо време ќе заигра и во вмровскиот двор! - предвидува Фокус.
Република - Албанските партии тријат раце!
Република ја форсира тезата дека „Албанските партии тријат раце!“ Имено, неделникот смета дека покрај Грција, најголем ќар од бојкотот на опозицијата ќе имаат и албанските политички партии, кои можат да добијат градоначалници во местата со мешан етнички состав, како на пример Кичево. Иако мерењето на пулсот кај граѓаните покажа дека мнозинството не ја поддржува одлуката на опозицијата, сепак, во општините каде што резултатот го решаваат стотици, а не илјадници гласови, бојкотот на СДСМ може да биде катастрофален, коби Република.
Глобус - Изборот на Џафери за министер е како сол на ранетиот рејтинг на премиерот Груевски
Носечкиот текст во најновиот он-лајн Глобус е посветен на изборот на Талат Џафери за нов министер за одбрана, поранешниот и познат командант Форина на поранешната и уште попозната ОНА. Неделникот насловува дека „Изборот на Џафери за министер е како сол на ранетиот рејтинг на премиерот Груевски“ и ако постои објективен мерач на рејтинзи, сегашниот на Груевски сигурно би бил најнискиот досега, тврди неделникот. Глобус наведува дека и видни членови на партијата на Груевски негативно реагираат против неговото прифаќање, а преку обидот на бришење на пораките на социјалните мрежи дури и од негови приврзаници и членови на неговата партија кои луто реагираа на прифаќањето Талат Џафери да биде министер за одбрана, власта покажа дека не може во се кое време да контролира - сè, потсетува Глобус.
Капитал - Удобни ли му се чизмите на АРМ на новиот министер или допрва ќе ги разгази?
И Капитал се занимава со истата тема во текстот со наслов: „Удобни ли му се чизмите на АРМ на новиот министер или допрва ќе ги разгази?“ Неделникот смета дека Џафери мазно ќе беше одбиен од мандатарот Груевски при составувањето на новата влада во 2011 година - кога актуелниот премиер се согласи на амнестијата на Хашките случаи само за да не ја стави Армијата под команда на Хазби Лика - и тој командант на ОНА. Прифаќањето на предлогот на Ахмети денес покажува јасна (р)еволуција во односите помеѓу владините партнери, многу индикативна во сегашниот момент, но тоа е предмет на поинаква анализа, ветува Капитал.
Власта си игра мајтап со опозицијата. И, види чудо, странците сè уште ја толерираат!? Таа, пак, се радува на поддршката. Мисли дека Западот ѝ помага за џабе во „финалната пресметка“ со СДСМ.Фокус.
„Зошто Западот не го помага СДСМ во битката против Никола Груевски?“ - се обидува да даде свој одговор Фокус, одејќи со поднаслов: „Опозицијата пред невозможна мисија“. Неделникот тврди дека власта си игра мајтап со опозицијата. И, види чудо, странците сè уште ја толерираат!? Таа, пак, се радува на поддршката. Мисли дека Западот ѝ помага за џабе во „финалната пресметка“ со СДСМ. Зарем е можно, прашува неделникот, ВМРО-ДПМНЕ да не се гледа и себеси во партиите што не ги внесуваат во голем ризик само своите водства, туку и сите граѓани?! Да, таа порака на странците значи дека мечката што сега игра на Бихаќка, за кусо време ќе заигра и во вмровскиот двор! - предвидува Фокус.
Џафери мазно ќе беше одбиен од мандатарот Груевски при составувањето на новата влада во 2011 година - кога актуелниот премиер се согласи на амнестијата на Хашките случаи само за да не ја стави Армијата под команда на Хазби Лика - и тој командант на ОНА. Прифаќањето на предлогот на Ахмети денес покажува јасна (р)еволуција во односите помеѓу владините партнери.Капитал.