Како и сите други плочи на БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА, така и „Забранета планета“ е со идеја да се отвори дебата која што би водела кон социјална правда и сите други нешта што одат со неа, значи остварување на базичните човекови права кои се загарантирани дури и со секој капиталистички устав. Меѓутоа некако луѓето остануваат апатични и не сакаат да превземат ништо во врска со тоа и дозволуваат да бидат водени од полукриминалци кои што работат преку системот на парламентарна демократија која што одлично изгледа на хартија меѓутоа реалноста и сите кризи кои што ги носи секојдневното живеење покажуваат една сосема поинаква слика.
Ние веруваме дека уметноста не треба само да забавува, туку да посочи на аномалиите во општеството. Вака Васко Атанасовски ќе ја започне сторијата за третиот албум на бендот кој цели седум години со несмалена жестина, политичка освестеност, социјална ангажираност и само ним својствена енергија се обидува да ни ја предочи сопствената перцепција за нашата сурова стварност.
„Забранета планета, е посвета на сите оние движења, од хипи-движењето, преку битниците, краут-рокот, како и македонската уметничка сцена, до македонските политички идеи кои што некако низ годините се изгубија и се маргинализираа. Од друга страна, тоа е и наш најхрабар музички обид досега каде што конечно од сега па натаму може да се каже дека бендот едноставно свири музика. Не се ограничува во ниту еден музички стил, а нормално тематиката останува иста како и порано апдејтувана со сите нови настани и со искуствата што ние сме ги собрале низ годините како личности.“
Тој дополнува дека ние, како Македонци, воопшто не сме некои играчи во креирање на нашата реалност, туку дека едноставно само слепо ги следиме економските, политичките и уметничките трендови и се обидуваме да се најдеме во нив, на тој начин правејќи ја почетната грешка бидејќи тоа не е нашиот филм.
„Мислам дека најдобриот начин е да се тргне од себе. Ако сакаш да бидеш релевантен со сите тие светски теченија мораш да претставуваш нешто од твоето тло. Така да, доколку си сериозен бенд тука, јас мислам дека можеш да бидеш сериозен бенд секаде затоа што условите овде не се воопшто поволни за творење. Особено не за некои како нас. Или едноставно, ако си научник, писател, работник...тука е многу потешко да бидеш тоа отколку, да речеме, во некои земји во кои тој систем колку толку функционира. Ние сме дел од една дисфункционална земја, земја на симулација, така да единствен начин да се извадиме од оваа жабокречина е да бидеме најдобри и искрени во тоа што го правиме. “
Васко Атанасовски (гитара и вокал), Кристина Горовска (вокал и автор на текстовите) , Џано Куч (тапани) и Ненад Трифуновски (бас), со над 300 отсвирени концерти и 40.000 поминати километри само во текот на минатата година , влегуваат во редот на концертно најактивните европски бендови. Овие импресивни бројки ќе бидат многу поголеми по завршувањето на турнејата за „Забранета планета“ која е планирано да биде најголема досега и во рамките на која само од 1 март до 19 мај БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА од Македонија, преку Хрватска, Словенија, Грција, Италија, Швајцарија, Франција, Шпанија, Германија...треба да стигнат до Норвешка и Финска и повторно назад дома.
„Поради тие турнеи и поради таа напорна работа ние успеваме да бидеме прифатени од луѓето токму онакви какви што сакаме да бидеме. И, покрај тоа што сме игнорирани од мејнстрим популацијата, нашата понуда е таблета која е опојна и силно делува врз човекот. Го збунува и го дезориентира бидејќи не е тоа неговата дневна доза која што ја добива од медиумите, неговите работодавци и своите политички патрони. Затоа ние без проблем свириме во Грција и цело време не пишува БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА од Македонија. Таму никој не се оптоварува со таа дневна политика затоа што сите ние сме дел од едно братство и сестринство и такви треба да бидат работите. Кај нас 22 години работите тапкаат во место затоа што луѓето веруваат на еден систем кој што не нуди решение туку го засилува национализмот и го вади како контра-аргумент кој што кажува зошто нашата економска, спиритуална и било каква состојба е лоша. Ние не се согласуваме со тоа и потенцираме дека само искреноста и напорната работа можат да го претстават човекот во своето вистинско светло каде што крајот би бил дека постои само една раса – човечка раса и дека постои само еден вид на човек – а тоа е човек. “
На концертот во МКЦ, на сцената наместена во средината на реновираната Дансинг сала, покрај БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА ќе ги видиме и чуеме и потентните КАЛЧР ДИВЕЛОПМЕНТ, СИЗ и МОЛОКАИ, а организатор на 64-дневната турнеја на бендот е нивната издавачка куќа „Направи заедно“.
Забранета планета, е посвета на сите оние движења, од хипи-движењето, преку битниците, краут-рокот, како и македонската уметничка сцена, до македонските политички идеи кои што некако низ годините се изгубија и се маргинализираа. Од друга страна, тоа е и наш најхрабар музички обид досега каде што конечно од сега па натаму може да се каже дека бендот едноставно свири музика.Васко Атанасовски, БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА.
Ние веруваме дека уметноста не треба само да забавува, туку да посочи на аномалиите во општеството. Вака Васко Атанасовски ќе ја започне сторијата за третиот албум на бендот кој цели седум години со несмалена жестина, политичка освестеност, социјална ангажираност и само ним својствена енергија се обидува да ни ја предочи сопствената перцепција за нашата сурова стварност.
„Забранета планета, е посвета на сите оние движења, од хипи-движењето, преку битниците, краут-рокот, како и македонската уметничка сцена, до македонските политички идеи кои што некако низ годините се изгубија и се маргинализираа. Од друга страна, тоа е и наш најхрабар музички обид досега каде што конечно од сега па натаму може да се каже дека бендот едноставно свири музика. Не се ограничува во ниту еден музички стил, а нормално тематиката останува иста како и порано апдејтувана со сите нови настани и со искуствата што ние сме ги собрале низ годините како личности.“
Тој дополнува дека ние, како Македонци, воопшто не сме некои играчи во креирање на нашата реалност, туку дека едноставно само слепо ги следиме економските, политичките и уметничките трендови и се обидуваме да се најдеме во нив, на тој начин правејќи ја почетната грешка бидејќи тоа не е нашиот филм.
Мислам дека најдобриот начин е да се тргне од себе. Ако сакаш да бидеш релевантен со сите тие светски теченија мораш да претставуваш нешто од твоето тло. Така да, доколку си сериозен бенд тука, јас мислам дека можеш да бидеш сериозен бенд секаде затоа што условите овде не се воопшто поволни за творење. Особено не за некои како нас.Васко Атанасовски.