Отписот на казните за заостанати придонеси на фирмите, краткорочно е добра одлука, која од друга страна може негативно да влијае на фискалната дисциплина, сметаат економистите и упатените, дел од кои се сомневаат дека одлуката е предизборна реклама.
По неколку години присилна наплата на заостанати долгови за придонеси, фирмарина и радиодифузна такса, владата одлучи да им ги прости каматите на компаниите – должници кои имаат заостанати давачки за здравствено и пензиско осигурување.
Не станува збор за нова практика, вели универзитетскиот професор Марија Зарезанкова Потевска.
„И во минатото се случувало да се користат такви мерки, не само кај нас, туку и во други земји, прашање е од кој аспект се гледа решавањето на проблемот. Во секој случај тоа е голема помош на претпријатијата. Значи дали е целта на владата да продолжат да работат тие претпријатија или да се уништат?“
Ваквата одлука следи по најавите од Управата за јавни приходи за присилна наплата на давачките за радиодифузна такса, кои важат и за компаниите. Во текот на минатата година дел од фирмите се жалеа на присилна наплата на фирмарина, а опозицијата процени дека со ваквата постапка на гратските власти, биле затворени 25.000 мали фирми. Сето тоа се случува во услови кога и владата им должи пари на фирмите. Простувањето на каматите за придонеси носи и ризик, смета Потевска:
„Но останува фактот дека може и понатаму други да се надеваат дека тоа пак ќе се случи и тоа останува.“
Пратеникот Изет Зекири, кој се спротистави на законските измени со кои се донесоа олеснувањата, забележа дека одлуката е дискриминаторна за компаниите кои редовно ги исплаќаат придонесите.
„Ако сакате да и помогнете на економијата донесете закон со кој ќе ја обврзете владата за 60 дена да им го врати данокот на додадена вредност на компаниите, кога ќе се врати ДДВ-то тогаш и компаниите ќе можат да ја сервисираат оваа минимална камата за социјалните придонеси. Вие носите популистички закони, кои реално не и помагаат на економијата.“
Се поставува дилемата дали одлуката е донесена од потреба, имајки предвид дека предизборната кампања е во полн ек. На многу луѓе им е јасно дека ова е предизборен маркетинг, вели политикологот Здравко Савески.
„И за претходните избори во 2011 се случи намалување на акцизите за бензинот и сега што се случува ова опростување токму пред избори, повеќе од јасно е дека сето ова е во функција на предизборието. Од друга страна исто така е важно да се нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ, се фали со својата успешност во наплатата, но одеднаш јавноста дознава дека наплатата и не била така добра и дека една од причините за кризата на фондовите е слабата наплата.“
За појаснување, пратениците ги изгласаа законските решенија со кои се бришат долговите за камати за неисплатени придонеси пред 2009 година.
И во минатото се случувало да се користат такви мерки, не само кај нас, туку и во други земји, прашање е од кој аспект се гледа решавањето на проблемот. Во секој случај тоа е голема помош на претпријатијата. Значи дали е целта на владата да продолжат да работат тие претпријатија или да се уништат?Марија Зарезанкова Потевска, универзитетски професор.
По неколку години присилна наплата на заостанати долгови за придонеси, фирмарина и радиодифузна такса, владата одлучи да им ги прости каматите на компаниите – должници кои имаат заостанати давачки за здравствено и пензиско осигурување.
Не станува збор за нова практика, вели универзитетскиот професор Марија Зарезанкова Потевска.
„И во минатото се случувало да се користат такви мерки, не само кај нас, туку и во други земји, прашање е од кој аспект се гледа решавањето на проблемот. Во секој случај тоа е голема помош на претпријатијата. Значи дали е целта на владата да продолжат да работат тие претпријатија или да се уништат?“
И за претходните избори во 2011 се случи намалување на акцизите за бензинот и сега што се случува ова опростување токму пред избори, повеќе од јасно е дека сето ова е во функција на предизборието. Од друга страна исто така е важно да се нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ, се фали со својата успешност во наплатата, но одеднаш јавноста дознава дека наплатата и не била така добра и дека една од причините за кризата на фондовите е слабата наплата.Здравко Савески, универзитетски професор.