Кандидати нема, бидејќи повеќе од половина турски адмирали, заедно со стотици други активни и пензионирани генерали, се во затвор. Сите тие, како што пишува „Економист“, се обвинети за заговор за соборување на турската умерена исламистичка влада на Партијата на правдата и развојот.
Оставката на адмирал Гунер дојде откако обвинителството покрена судска постапка против 75 морнарички офицери поради вмешаност во таканаречен „секс за тајни“ скандал, односно инсталирање шпионска камера во спалната соба на неговата малолетна ќерка. Во емотивниот говор, адмиралот изрази уверување дека неговите колеги биле невини. Серијата случаи познати како Ергенекон ја остави некогаш семоќната турска армија ослабена и поделена.
Најмалку еден од пет турски генерали, вклучувајќи го и екс шефот на Генералштабот се зад решетки. Тоа би требало да биде триумф за турската демократија, но судењата се проследени со зачинети докази и со многу неправилности.
Семејствата на околу 250 обвинети за друг заговор под името Чекан поднесоа жалби во Советот на ОН за човекови права, наведувајќи дека доказите биле наместени. Независни експерти се согласуваат со ваквите наводи.
Џаред Генсер, адвокат од Вашингтон кој работеше например за Вацлав Хавел и Дезмонд Туту, вели дека се нафатил со случајот, бидејќи верува дека тие се невини.
Некои го вперуваат прстот кон групата на Фетула Гулен, умерен турски верски лидер кој живее во егзил во Пенсилванија. Генералите го прогониле откако во 1997 година го соборија првиот исламиски премиер Неџмедин Ербакан.
Се тврди дека гуленистите се вратиле и се инфилтрирале во полицијата и судството. Дури и сегашниот турски премиер Реџеп Таип Ердоган станува се позагрижен.
„Овие операции против армијата влијаат врз моралот. 400 офицери се во затвор. Веќе не ни остана никој да командува“, изјави тој, соочен со тешкотии од курдските бунтовници и од Сирија.
По уставните реформи во 2010 година, војниците можат да бидат судени во цивилни судови, но воениот буџет и натаму остана имун на цивилната контрола.
Турската армија од 1960 година има соборено не помалку од четири влади. Најкрвавиот пуч беше во 1980 година кога беа егзекутирани 50 луѓе, а 500 илјади затворени. Се уште милиони Турци, кои во турската армија гледаат како на чувар на секуларизмот на Кемал Ататурк ги поздравуваат таквите воени удари.
Но, последните анкети за прв пат покажаа дека претседателот ја замени армијата како најпопуларна институција во Турција, пишува „Економист“.
Оставката на адмирал Гунер дојде откако обвинителството покрена судска постапка против 75 морнарички офицери поради вмешаност во таканаречен „секс за тајни“ скандал, односно инсталирање шпионска камера во спалната соба на неговата малолетна ќерка. Во емотивниот говор, адмиралот изрази уверување дека неговите колеги биле невини. Серијата случаи познати како Ергенекон ја остави некогаш семоќната турска армија ослабена и поделена.
Овие операции против армијата влијаат врз моралот. 400 офицери се во затвор. Веќе не ни остана никој да командува.Реџеп Таип Ердоган, премиер на Турција