Достапни линкови

Дневен печат - пожар, криза и Санино


Пожар во зградата на Македонски пошти во центарот на Скопје.
Пожар во зградата на Македонски пошти во центарот на Скопје.

Пожарот во главната Пошта во центарот на Скопје накратко го оттргна вниманието на јавноста и на медиумите од сериозната политичка криза што ја раздрмува државава.

Ден-два пожарот во главната Пошта во центарот на Скопје го оттргна вниманието на јавноста и на медиумите од сериозната политичка криза што ја раздрмува државава, а потоа и фактот дека Македонски пошти не ја осигуриле зградата покрај Вардар во новава година: осигурувањето истекло лани, а тендерот не бил уште распишан. Вакво нешто навистина може да се случи само во Македонија и во ниту една друга држава на светот! Штетата била мала, ја објавија сите весници изјавата на директорот Рафиз Алити, а кој ќе ја плати? Некоја осигурителна компанија?!
Опозицијата ќе го шири отпорот сокак по сокак, град по град- додека власта најавува избори, опозицијата најавува блокади на раскрсниците, а неизвесно е и нејзиното учество во ДИК.
Фокус.

Инаку, што се однесува до политичката криза во државава, најинтересната спекулација се чини ја објавува Ден: „Избори само за опозицијата - една од спекулациите е дека спикерот ќе распише парламентарни избори само за вратените мандати на пратениците од опозицијата“.

Нова Македонија насловува дека „Груевски го одби уличниот ултиматум на Црвенковски“, а Утрински во наслов објавува: „Груевски распали пак: Бранко се плаши!“
Посетата на директорот за проширување на ЕУ, Санино, ја омекна реториката на опозицијата. Уште пушка берданка не фатија, герилците сакаат да седнат на маса.
Нова Македонија.

Се разбира, сите весници пишуваа за Маршот на вистината на здружената опозиција кој почна пред ТВ Сител, помина покрај Владата и заврши пред МРТ. Дневниот Фокус на насловна објавува дека „Опозицијата ќе го шири отпорот сокак по сокак, град по град- додека власта најавува избори, опозицијата најавува блокади на раскрсниците, а неизвесно е и нејзиното учество во ДИК“. Дневник внесува забуна со информацијата дека партискиот совет на СДСМ од Охрид бил против Одлуката за бојкот на изборите, за во друг број да објави дека тоа било недоразбирање меѓу членовите и намерна грешка на записничарот од седницата.

Ден објави дека полицајците што го „спасија“ Собранието на 24 декември се наградени: „По 200 евра пендрек-бонус“ гласи насловот во овој весник.

Нова Македонија забележува дека посетата на директорот за проширување на ЕУ, Санино, ја омекнал реториката на опозицијата, и во циничен наслов пишува: „Уште пушка берданка не фатија, герилците сакаат да седнат на маса“. Дневник и Утрински насловија: „Фридом Хаус го објави извештајот, Македонија и натаму делумно слободна“.

За крај, малку да се насмееме: информирајќи дека една од галиите-ресторани на Вардар во центарот на Скопје е речиси готова, Вечер оди со следниов наслов: „Пијан си кога ќе се качиш на бродот на Вардар и ќе чекаш да те однесе во Солун“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG