Лековитите билки и билните препарати се еден од најстарите начини за лекување на најразновидни болести. Фитотерапијата во денешницата е основа на зачувување на здравјето со дополнителни можности за превенција и лекување на поблагите облици на заболувањата. Лековитите билки кои не опкружуваат, доколку се употребуваат правилно, не предизвикуваат никакви контраиндикации. Доколку ги има тие се минимални, раскажува Слаѓана Стојанова од Куманово, која со сопругот Столе и синовите Стефан и Димитар веќе две децении развива семеен бизнис.
Од хоби и подготвување чаеви за домашна употреба, семејството Стојанови сосема и се посветува на фитотерапијата. Упорно и трпеливо ја усовршуваат својата дејност, ги прошируваат производствените капацитети, а произведеното е достапно на сите заинтересирани во државава.
„Во поглед на побарувачката, последните години се забележува зголемување. На некој начин модерно е, корисно, здраво, евтино и практично. Имаме повеќе потрошувачи, го зголемуваме асортиманот со разни билни препарати, со миксови од чаеви, мислам дека во добар правец одат работите во Македонија.“
Слаѓана вели дека сè повеќе има луѓе заинтересирани за култивирање, за берба и за откуп на билките.
„Се трудиме квалитетот да биде на високо ниво. Заедно со новите прописи на Бирото за лекови и хербални и традиционално хербални производи, мора да има вработено и фармацевт. Тоа е добро и за производителите и за потрошувачите, зашто потрошувачите се заштитени и не може секој преку разни огласи да продава сомнителни производи.“
Таа додава дека последниве години има голема медиумска кампања во однос на превентивата, што е позитивно за општото здравје на луѓето.
„Луѓето сè повеќе се свртуваат кон превентивата, но и за некои не многу сериозни заболувања може да се најде успешен лек. Чаевите одат и како дополнување на она што ќе го каже лекарот.“
Оние, пак, што еднаш пробале од чаевите или некои од билните препарати секако дека повторно и повторно се враќаат. Но им препорачуваат и на другите.
„За разлика од таблетите и хемиските препарати кои лекуваат, чаевите немаат контраиндикација, може да се употребуваат. Ги менувам, не користам сè исти.“
РСЕ: Им препорачувате ли на вашите пријатели?
„Да. Им препорачувам, велам, дека во некои прилики таблетите се незаменливи, но во голем број случаи чајот ја завршува работата. Ништо нема да им штети, само подобрува“, вели граѓанин на Куманово.
Кристина Караџинска, дипломиран фармацевт, вели дека најчесто се бараат билните препарати за:
„Стресните денови при што се подготвуваат чаеви од хмељот, маточината, мајчина душичка. Соодветни комбинации за решавање на многу инфекции кои се многу присутни во денешното време.“
И покрај препораките билките да се користат согласно крвната група на човекот, Слаѓана не се согласува.
„Често пати им сугерираме дека човекот треба да го користи она што е од неговото поднебје и она што почувствувал дека лично ќе му одговара. Од таму од каде што е човекот, поднебјето, каде што се родил, израснал, каде што биле неговите предци, тоа што расне во околината, неговиот код е тука и тука се билките, воздухот и храната што му одговара.“
Во поглед на побарувачката, последните години се забележува зголемување. На некој начин модерно е, корисно, здраво, евтино и практично. Имаме повеќе потрошувачи, го зголемуваме асортиманот со разни билни препарати, со миксови од чаеви, мислам дека во добар правец одат работите во Македонија.Слаѓана Стојанова, сопственик на дуќан за продажба на чаеви и лековити билки.
Од хоби и подготвување чаеви за домашна употреба, семејството Стојанови сосема и се посветува на фитотерапијата. Упорно и трпеливо ја усовршуваат својата дејност, ги прошируваат производствените капацитети, а произведеното е достапно на сите заинтересирани во државава.
„Во поглед на побарувачката, последните години се забележува зголемување. На некој начин модерно е, корисно, здраво, евтино и практично. Имаме повеќе потрошувачи, го зголемуваме асортиманот со разни билни препарати, со миксови од чаеви, мислам дека во добар правец одат работите во Македонија.“
Слаѓана вели дека сè повеќе има луѓе заинтересирани за култивирање, за берба и за откуп на билките.
Често пати им сугерираме дека човекот треба да го користи она што е од неговото поднебје и она што почувствувал дека лично ќе му одговара. Од таму од каде што е човекот, поднебјето, каде што се родил, израснал, каде што биле неговите предци, тоа што расне во околината, неговиот код е тука и тука се билките, воздухот и храната што му одговара.Слаѓана Стојанова, сопственик на дуќан за продажба на чаеви и лековити билки.