Да се прославуваат толку јубилеи и тоа со таква бројка на години мора човек да се чувствува среќен затоа што во својот живот направил доволно за да биде среќен, да остави некаква порака на следните генерации дека несебично треба да се вградуваат во целосната афирмација на својата држава и на својот народ. Ова ќе го забележи маестро Запро Запров во пресрет на големиот концерт со кој во Салонот на МОБ ќе бидат одбележани неколку значајни јубилеи за современата македонска култура - 45 години детски хор „Развигорче“, 40 години - „Женски младински хор“, 35 години - детски хор „Изворче“ и четири децении негова сопствена уметничка дејност.
„Рускиот филозоф Берџаеф рекол дека нивото на општеството се мери по културата, а не по економската моќ. Јас тоа многу одамна го прифатив како моја девиза дека само на тој начин можам да се борам за својата држава, за својот народ и да влијаам на се’ она што значи благородно во човечката природа и во таа светска општа цивилизација и односи.“
Роден 1947 година во Пиперево – Струмичко, Запров уште за време на студирањето станува страствен поклоник на хорското диригирање и музика. Тој е основач на детскиот хор “Изворче“, женскиот хор и хорското студио „Рустико“ од Скопје, во чиј состав влегоа и хоровите со кои по заминувањето на нивниот основач професор Драган Шуплевски долги години раководеше - детскиот хор „Развигорче“ и Женскиот младински хор, најнаградуваните наши хорски ансамбли.
Освен во Македонија, настапувал во повеќе од 30 држави ширум светот, автор е на 100-тина композиции, а за своето творечко делување добитник е на 111 (54 интернационални и 57 државни) награди и признанија од кои секако најзначајна е наградата „11 октомври“, највисокото државно признание во областа на културата и уметноста.
Одбележувањето на јубилеите беше убава можност и за реобновувањето на некои од хорските ансамбли од студиото „Рустико“, а Венера Џинлева вели дека идејата потекнала од некогашните хористки и дека програмата што ќе ја изведат на концертот ја подготвиле за седум месеци.
„Идејата за повторното организирање всушност беше нашата насушна потреба, на сите нас – девојките кои што голем дел од нашите животи сме ги поминале во овоие ансамбли, да и се вратиме на хорската музика и на некаков начин да помогнеме во реафирмацијата на хорското пеење во Македонија.“
На големиот концерт ќе му претходи отворањето на изложбата на Запро Запров за чии дела поетот Ефтим Клетников вели дека се плод на едно стамено творештво и дека тој лично подеднакво се возбудува и од музиката и од неговото сликарство, сфаќајќи ги и двете како чиста поезија на постоењето.
„Целата изложба, она што ќе биде презентирано, е исклучиво на свети мотиви и инспирација од тие мотиви. Тоа е еден сосема нов правец во моето сликарство. Сосем нов по начинот на изразување, инаку јас го имам и порано третирано, но во една друга форма, друга презентација. Ќе се видат дела од сите библиски, религиозни, црковно-традиционални духовно условно кажано вредности“, истакнува Запров.
Програмата за одбележување на овие големи јубилеи ја чинат дела од Шуплевски, Аврамовски, Стојков, Лековски и други, а како гости ќе настапат и хоровите „Света Злата Мегленска“, Градскиот женски младински хор „Менада“ од Тетово и Женскиот младински хор при МКЦ Скопје.
Рускиот филозоф Берџаеф рекол дека нивото на општеството се мери по културата, а не по економската моќ. Јас тоа многу одамна го прифатив како моја девиза дека само на тој начин можам да се борам за својата држава, за својот народ и да влијаам на се’ она што значи благородно во човечката природа и во таа светска општа цивилизација и односи.Запро Запров.
„Рускиот филозоф Берџаеф рекол дека нивото на општеството се мери по културата, а не по економската моќ. Јас тоа многу одамна го прифатив како моја девиза дека само на тој начин можам да се борам за својата држава, за својот народ и да влијаам на се’ она што значи благородно во човечката природа и во таа светска општа цивилизација и односи.“
Роден 1947 година во Пиперево – Струмичко, Запров уште за време на студирањето станува страствен поклоник на хорското диригирање и музика. Тој е основач на детскиот хор “Изворче“, женскиот хор и хорското студио „Рустико“ од Скопје, во чиј состав влегоа и хоровите со кои по заминувањето на нивниот основач професор Драган Шуплевски долги години раководеше - детскиот хор „Развигорче“ и Женскиот младински хор, најнаградуваните наши хорски ансамбли.
Целата изложба, она што ќе биде презентирано, е исклучиво на свети мотиви и инспирација од тие мотиви. Тоа е еден сосема нов правец во моето сликарство. Сосем нов по начинот на изразување, инаку јас го имам и порано третирано, но во една друга форма, друга презентација. Ќе се видат дела од сите библиски, религиозни, црковно-традиционални духовно условно кажано вредности.Запро Запров.