Македонија има уште многу работа во борбата против корупцијата, оцени претседателката на Транспаренси Интернејшнал-Македонија, Слаѓана Тасева по објавувањето на извештајот Индекс на перцепиција на корупцијата за 2012. Македонија е на 69 место од 176 рангирани земји со вкупно 43 бодови, со што повторно е во групата држави кои имаат под 50 бодови. Од годинава, Транаспаренси интернејшанл воведува нова методологија за рангирањето и оценувањето на земјите. Бодувањето се движи од нула до 100, при што 100 е најдобрата оценка. Индексот на перцепција на корупцијата ги рангира и бодира земјите врз основа на проценетата корупција во јавниот сектор.
Споредено со државите во регионот Македонија е подобро рангирана од Босна и Херцеговина, Црна гора, Бугарија, Србија и Грција, Косово и Албанија, а е полоша од Словенија и Хрватска.
Постигнатите 43 поени на Македонија се на ниво на просечниот резултат во сите земји во светот.
„Ова претставува многу сериозен индикатор дека во Република Македонија треба понатаму да се зајакнуваат активностите на планот на борба против корупцијата, а особено тоа треба да се прави во најчувствителните сектори, како што се судството и политиката, кои треба да бидат гарант за демократијата и владеењето на правото и да обезбедат услови за развој и напредок“, вели Тасева
Индексот на перцепција на корупцијата во земјава е сличен со тој во Кувајт, Романија, Саудиска Арабија, Бразил, Босна и Херцеговина, Јужна Африка, Италија и Сао Томе и Принципе.
Македонија и лани била на 69 место, но Тасева вели дека резултатите не може да се споредуваат поради новата методологија. И покрај тоа што земјава е подобро рангирана од повеќето земји во регионот, не би се осмелила да ја наречам лидер во регионот, вели Тасева и додава дека нема простор за задоволство сè додека Македонија има помалку од 50 бодови на листата од нула до 100. Две третини од земјите во светот имаат помалку од 50 бодови.
„Лидер на некој начин може да претставува Хрватска. Сериозно се зафатија со борбата против корупцијата и сите ние треба да го следиме примерот на Хрватска, тие веќе стигнаа и до преговори со ЕУ. Значи, да, да ги кажеме резултатите како што се, но јас не би си дозволила да ја прогласам државата за лидер бо борба против корупцијата, затоа што не е.“
Најлошо рангирани, со само осум бодови, се Сомалија, Северна Кореја и Авганистан, а најдобри, со 90 бодови, се Данска, Финска и Нов Зеланд.
Ова претставува многу сериозен индикатор дека во Република Македонија треба понатаму да се зајакнуваат активностите на планот на борба против корупцијата, а особено тоа треба да се прави во најчувствителните сектори, како што се судството и политиката.Слаѓана Тасева, претседателка на Транспаренси Интернејшнал-Македонија.
Споредено со државите во регионот Македонија е подобро рангирана од Босна и Херцеговина, Црна гора, Бугарија, Србија и Грција, Косово и Албанија, а е полоша од Словенија и Хрватска.
Постигнатите 43 поени на Македонија се на ниво на просечниот резултат во сите земји во светот.
„Ова претставува многу сериозен индикатор дека во Република Македонија треба понатаму да се зајакнуваат активностите на планот на борба против корупцијата, а особено тоа треба да се прави во најчувствителните сектори, како што се судството и политиката, кои треба да бидат гарант за демократијата и владеењето на правото и да обезбедат услови за развој и напредок“, вели Тасева
Индексот на перцепција на корупцијата во земјава е сличен со тој во Кувајт, Романија, Саудиска Арабија, Бразил, Босна и Херцеговина, Јужна Африка, Италија и Сао Томе и Принципе.
Лидер на некој начин може да претставува Хрватска. Сериозно се зафатија со борбата против корупцијата и сите ние треба да го следиме примерот на Хрватска, тие веќе стигнаа и до преговори со ЕУ.Слаѓана Тасева, претседателка на Транспаренси Интернејшнал-Македонија.