Достапни линкови

Спласнува оптимизмот пред Самитот на ЕУ во декември


Шефот на бугарската дипломатија Николај Младенов.
Шефот на бугарската дипломатија Николај Младенов.

Трите нови услови од Бугарија да ги докажеме добрососедските односи ја комплицираат и онака комплицираната ситуација за спорот за името со Грција.

Последната вест дека и Бугарија ги испорачува своите услови за поддршка за ЕУ само ја нагласува атмосферата во пресрет на декемврискиот самит од кој се чека одговорот дали Македонија ќе добие датум за отпочнување преговори со Унијата. Трите нови услови да ги докажеме добрососедските односи ги комплицираат работите откако никакви предуслови за добар исход не произлегоа од средбите на двете страни со медијаторот Нимиц, како ни од преписката која си ја разменија Македонија и Грција во изминатиов период.
Ако нашата влада не знае дека сега треба да спие во Брисел и да контактира со амбасадите, со Корепер, со тинк-тенк организации, со медиуми, со сите возможни нивоа, значи тогаш, како да ви кажам, не се зрели ни јавно претпријатие или невладина организација да водат.
Лидија Димова, Македонски центар за европско образование.

Заминувањето на премиерот во САД во вакви околности е несоодветно, вели Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование, со оглед на тоа дека ова се деновите кога може да се направат некакви влијанија и врз агендата и врз резултатот во Брисел.
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе и премиерот Никола Груевски во Скопје на 17 септември 2012 година.
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе и премиерот Никола Груевски во Скопје на 17 септември 2012 година.

„Ако нашата влада не знае дека сега треба да спие во Брисел и да контактира со амбасадите, со Корепер, со тинк-тенк организации, со медиуми, со сите возможни нивоа, значи тогаш, како да ви кажам, не се зрели ни јавно претпријатие или невладина организација да водат.“

Целата атмосфера покажува дека недостасува оптимизам во власта за исходот од декемврискиот самит и покрај официјалните настапи кои се обоени со позитивни изјави, коментираат експертите.
Тие мора да бидат оптимисти до последниот момент, меѓутоа информации за тоа каков ќе биде исходот може да имаат.
Беким Кадриу, универзитетски професор.

„Тие мора да бидат оптимисти до последниот момент, меѓутоа информации за тоа каков ќе биде исходот може да имаат. Чувство имаме и ние што читаме, што слушаме што се случува, значи имаме некакво претчувство што се очекува да се случи на Самитот на ЕУ во декември и тоа јасно се гледа од однесувањето на двете држави што се вклучени во спорот“, анализира професор Беким Кадриу.

Средбите кои медијаторот Нимиц неодамна ги одржа со преговарачите Јолевски и Василакис се гледаат како дел од целокупните подготовки во пресрет на декемврискиот самит, но освен информацијата дека на неа биле ставени на маса нови, но и стари идеи, следуваше затишје.

Претседателот на европскиот парламент Мартин Шулц на неколку дена пред самитот рече дека не е оптимист за Македонија без решавање на спорот за името. Дали активностите на министерот за надворешни работи се доволни за да се пренасочат работите ќе покаже декемврискиот самит.
XS
SM
MD
LG