Банките се безбедни, иако сумата на кредитите кои не можат да ги наплатат достигна рекордно ниво, велат упатените. Во октомври износот на заеми кои компаниите не го вратиле е 282 милиони евра, а кај граѓаните 106 милиони. Бројката за еден месец е зголемена за 12 милиони евра.
Поранешниот гувернер на Народна банка Љубе Трпески вели дека Македонија како дел од Европа се соочува со истата економска ситуација како и другите земји.
„Не може во цела Европа да врне, а ние да останеме суви. Така што, како се намалуваат нарачките на наши производи од европските земји, така претпријатијата кај нас доаѓаат во неможност навреме да ги подмируваат обврските кон банките. Слична е ситуацијата и со граѓаните кои нередовно примаат плати, па не можат да ги сервисираат долговите.“
Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов, вели дека не банките, туку стопанството и граѓаните се загрозени.
„Ризичните пласмани во Македонија уште ќе растат. Долгот се потешко ќе се наплатува, меѓутоа банките тоа не ги загрозува, затоа што нашиот систем е така поставен. Две третини од сите приходи кои ги остваруваат банките потекнуваат од провизии, а не од пласирани средства. Така што, со тоа е загрозено населението и стопанството, а не банките.“
И според Трпески, стабилноста на банките не е под знак прашалник.
„Степенот на невратени кредити се движи околу 10 отсто. Тоа се смета се уште за подносливо. Банките се високо капитализирани и можат тоа да го поднесат. Народна банка редовно прави стрес тестови во тој поглед и нема причина за некоја голема загриженост на тој план.“
Витанов очекува во наредната година нагло да расте сиромаштијата, а ќе опаѓа продуктивноста и стопанството, при што последни кои што ќе страдаат ќе бидат банките.
„Ќе се случи осиромашување на населението и неликвидност на стопанството. Значи Македонија нема да биде конкурентна во стопанството, а сиромаштијата рапидно ќе порасне. По некои наши анализи дури за 10 проценти во наредната година во однос на минатата.“
Според експертите, владата е таа која што треба да реагира и да преземе соодветни мерки и наместо да го штити крупниот капиталот, треба да се бори против сиромаштијата.
Не може во цела Европа да врне, а ние да останеме суви. Така да како се намалуваат нарачките на наши производи од европските земји, така претпријатијата кај нас доаѓаат во неможност навреме да ги подмируваат обврските кон банките. Слична е ситуацијата и со граѓаните кои нередовно примаат плати, па не можат да ги сервисираат долговите.Љубе Трпески, поранешен гувернер на Народна банка.
Поранешниот гувернер на Народна банка Љубе Трпески вели дека Македонија како дел од Европа се соочува со истата економска ситуација како и другите земји.
„Не може во цела Европа да врне, а ние да останеме суви. Така што, како се намалуваат нарачките на наши производи од европските земји, така претпријатијата кај нас доаѓаат во неможност навреме да ги подмируваат обврските кон банките. Слична е ситуацијата и со граѓаните кои нередовно примаат плати, па не можат да ги сервисираат долговите.“
Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов, вели дека не банките, туку стопанството и граѓаните се загрозени.
„Ризичните пласмани во Македонија уште ќе растат. Долгот се потешко ќе се наплатува, меѓутоа банките тоа не ги загрозува, затоа што нашиот систем е така поставен. Две третини од сите приходи кои ги остваруваат банките потекнуваат од провизии, а не од пласирани средства. Така што, со тоа е загрозено населението и стопанството, а не банките.“
Две третини од сите приходи кои ги остваруваат банките потекнуваат од провизии, а не од пласирани средства. Така да со тоа е загрозено населението и стопанството, а не банките.Зоран Витанов, поранешен заменик министер за економија.