Достапни линкови

Компаниите не внимаваат на енергетската ефикасност


Анализата на Стопанската комора на Македонија покажала дека само 5 отсто од фирмите имаат реализирани студии за зголемување на енергетската ефикасност во своите објекти.

Дел од компаниите во земјава воопшто не се способни да обезбедат веродостојни податоци за нивната потрошувачка на енергија, покажуваат резултатите од енергетската ревизија која ја спроведе Стопанската комора на Македонија.
Се повеќе треба да се работи на свеста за потребата од поголема енергетска ефикасност.
Зорица Мешкова, Стопанска комора на Македонија.


Дел од останатите осумдесет од вкупно 105 анкетирани компании од регионот ги држат трошоците под 3 проценти од нивните приходи, вели Зорица Мешкова од Стопанската комора на Македонија.

Анализата покажала дека само 5 отсто од фирмите имаат реализирани студии за зголемување на енергетската ефикасност во своите објекти.

„Поголем дел се со повеќе од 50 проценти, тоа се индустриско интензивни гранки, но просекот на потрошувачка на енергија, како процент од приходот во сите ориентирани компании изнесува 6,4 отсто.“

Електричната енергија е најзастапена во таканаречениот енергетски микс, додава Мешкова.
За штедење нема што да штедиме, мора да се употребува греалка.
Анкетиран граѓанин.

„Таа претставува 34 проценти од вкупниот енергетски микс и во најголем дел од процесите во индустријата се користи електричната енергија.“

Европската комисија ги обврзува земјите членки да инвестираат во енергетска ефикасност. Обврзувачка е целта, а не начините на кои ќе се постигне ефективна потрошувачка на енергенсите и намалување на загубите. Токму тие загуби се вид на казна за фирмите, вели Мешкова.

„Тоа е интерес на секој и се повеќе треба да се работи на свеста за потребата од поголема енергетска ефикасност.“

Дел од анкетираните граѓани велат дека се слабо информирани за ова прашање.

„За штедење нема што да штедиме, мора да се употребува греалка.“

„Многу малку сум информирана на таа тема, но пред се зависи од финансиите.“

Инаку, во рамките на проектот „PACE” на комората, обучени се двајца енергетски експерти, кои ја спроведувале ревизијата во 8 македонски компании. Следни чекори во проектот се обезбедување на повратни информации за најдобри практики, подигање на свеста и обезбедување одржливост.
XS
SM
MD
LG