Достапни линкови

За секој проблем постои партиско надмудрување


Протести во Скопје поради поскапувањето на електричната енергија, парното и горивата, 14 август 2012.
Протести во Скопје поради поскапувањето на електричната енергија, парното и горивата, 14 август 2012.

Наместо конкретни решенија за реалните проблеми, партии меѓусебно се критикуваат и си ја префрлаат вината. Денешните проблеми остануваат во сенка на пропустите од минатото.

Во недостиг на конкретни предлози и решенија за низата поскапувања во енергетскиот сектор, политичките партии продолжуваат да се надмудруваат за тоа кој е виновен за новонастанатата состојба. Јавноста е збунета, а граѓаните директно погодени од новите поскапувања.
Во Македонија на партиите постојано им успева на вакoв начин да го одвлечат вниманието на јавноста од реaлниот проблем. Во други земји, критичкото јавно мислење е она кое ги враќа на темата и не им дозволува така ноншалантно да бегаат од одговорноста што ја носи власта.
Здравко Савески, универзитетски професор.

„Кога некој нема опција да предложи, ја критикува другата страна. Особено е лошо сето тоа, кога некој ја има власта и кога ја обвинува опозицијата за нешто што се случило порано, наместо да се обиде да ја искористи власта за да го реши проблемот“, објаснува професор Здравко Савески.

Она што кај нас стана нормална појава се партиските надмудрувања. И додека се поизвесно навлегуваме во социјална и економска криза, партиите мудро ги одбегнуваат одговорите кои треба да понудат конкретни решенија, вели универзитетскиот професор Етем Азири.

„Политичките партии во Македонија немаат доволно храброст, па и капацитети за да дадат одговор на некои прашања од социјалната сфера.“
Нашата експертска јавност на некој начин за' рѓала. Да имавме експертска јавност сигурно немаше да дојдеме до ова дереџе. И тие експерти што ги имаме и тие се под големо влијание на дневната политика. Се работи за една општество кое е претерано политизирано.
Етем Азири, универзитетски професор.

Вешто играјќи ја играта на префрлање на вината на спротивниот табор, на партиите им успева да го оттргнат вниманието од реалните проблеми на граѓаните. Но тоа им успева и поради тоа што кај нас нема доволно критичка јавност, вели Савески.

„Во Македонија на партиите постојано им успева на вакoв начин да го одвлечат вниманието на јавноста од реaлниот проблем. Во други земји, критичкото јавно мислење е она кое ги враќа на темата и не им дозволува така ноншалантно да бегаат од одговорноста што ја носи власта.“

Бараат ли воопшто партиите помош од стручната јавност, во услови кога немаат визија и идеја за конкретно решение? Азири вели дека тоа се поретко се прави, пред се поради партизираноста и на оваа фела во општеството.

„Нашата експертска јавност на некој начин за'рѓала. Да имавме експертска јавност сигурно немаше да дојдеме до ова дереџе. И тие експерти што ги имаме и тие се под големо влијание на дневната политика. Се работи за една општество кое е претерано политизирано.“

Викендов, зголемените цени на струјата беа мета на партиските препукувања меѓу власта и опозицијата. СДСМ реагираше на според него партиските вработувања во ЕЛЕМ, на големиот процент на зголемување на струјата во изминатите седум години на сметка на недостигот од нови инвестиции во овој сектор. Власта прстот го впери во опозицијата. За неа продажбата на ЕСМ во времето кога СДСМ беше на власт, е причината за високата цена на електричната енергија.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG