Достапни линкови

Нема розови очила за сивото секојдневие


Граѓаните велат дека не ги чувствуваaт владините економски успеси врз нивниот животен стандард.

Успешната приказна која владата ја сервира за Македонија на економски план за граѓаните е сосема поинаква. Тие велат дека не им се многу важни добрите рејтинзи за економската ситуација, рекламирањата на владата и најавите за подобро утро, кога секојдневно се соочуваат со безработица, ниски плати и со големи трошоци.
Економската ситуација е тотален хаос. Само се гради, доста е веќе со тие градби, да не треба и Титаник да се изгради на Вардар? Јас не знам од каде средства.
Анкетиран граѓанин.

„Нема што да се зборува, што да се рекламира, кога е многу просто, цените постојано растат, а примањата се исти.“

„Економската ситуација е тотален хаос. Само се гради, доста е веќе со тие градби, да не треба и Титаник да се изгради на Вардар? Јас не знам од каде средства?“

„Поторошувачката кошничка е скапа, а пензиите мали“, велат граѓаните.
А, за тоа како ги чувствуваат владините успеси врз животниот стандард, тие велат:

„Мислам дека сега со враќањето на ДДВ-то кај мене лично се почувствува подобрување.“

„Јас мислам дека економијата за обичниот човек не е мрдната.“

„За нас со мали примања подобрување нема, само ќе шеташ по продавници, ќе разгледуваш и празен ќе си дојдеш, разочаран.“

Дали верувате во економските успеси на владата, како што вели таа, и колку вие, граѓаните, ги чувствувате тие успеси врз вашиот животен стандард? Погледнете ја анкетата и коментирајте тука.
Хајд Парк - Дали владата жнее економски успеси?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:57 0:00
Високиот степен на невработеност, ниските стапки на раст, проблемите со финансирање на земјата и задолженоста ја прават сликата за економијата далеку од розова.

Владата многу добро знае дека на граѓаните не им е добро, но е навлезена во една политика, на која е заточеник и не може тоа да го смени, вели професор Ванчо Узунов, кој е член и на Економскиот совет на СДСМ.

„Така да владата нема што друго да прави, освен да продолжи се посиловито и посиловито, со онаа иста приказна дека е е убаво, а ако моментално не ви е убаво, тогаш стрпете се, ама за тоа криви се некои други. Криви се Вашингтон, Брисел, криви се европските кризи, грчките политичари, опозицијата, сите се криви, ама не и владата.“

Узунов вели дека како приказната губи од својот интензитет и како граѓаните гледаат дека не им е подобро расте притисокот да има приказна.

„Затоа тоа станува се поприсутна и поприсутна и се понападна и понападна, уште малку и ќе не натепаат да се чувствуваме убаво. Сега осуди се да речеш дека не ти е убаво, ќотек ќе добиеш.“

Премиерот Никола Груевски вчера за време на партиска трибина изјави дека како влада прават се што е во нивна моќ, во услови на европска должничка криза да помогнат на граѓаните. Тој повтори дека и покрај кризата, ќе изнајдат начин за зголемување на пензиите и на социјалната помош за 5 отсто.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG