Достапни линкови

Европско „првенство“ по угостителство во Охрид


25 меѓународен натпревар на средни угостителски училишта од Европа во Охрид.
25 меѓународен натпревар на средни угостителски училишта од Европа во Охрид.

Во Охрид се одржува 25 меѓународен натпревар на средни угостителски училишта од цела Европа, на кој учествуваат повеќе од 600 учесници. Ќе се натпреваруваат во 8 дисциплини, келнери, готвачи, слаткари, ресторан сервис и послужување вино, бариста, односно подготовка на кафе, туристички дестинации, рецепциско работење и хотелски менаџмент.

Повеќе од 600 ученици од 130 средношколски центри по угостителство од цела Европа во Охрид деновиве ќе се натпреваруваат во вкупно осум дисциплини помеѓу кои и приготвување на традицонални македонски специјалитети како што се македонска пастрмка, јагнешки котлети и говедско месо, во рамките на 25 годишен меѓународен натпревар.
Ова е извонредна можност за презентација на нашата земја, како на туристички така и на образовен план, бидејќи ваков настан нема да се случува во следните 30 години, бидејќи вакви конференции се одржуваат еднаш годишно во земјите членки.
Зоран Николовски, директор на средното угостителско училиште „Лазар Танев“ од Скопје.

Зоран Николовски, директор на средното угостителско училиште „Лазар Танев“ од Скопје кој е и главен организатор на манифестацијата, вели дека ова е најголем настан од образовен карактер случен досега на Балканот.

„Ова е извонредна можност за презентација на нашата земја, како на туристички така и на образовен план, бидејќи ваков настан нема да се случува во следните 30 години, бидејќи вакви конференции се одржуваат еднаш годишно во земјите членки“, вели Николовски.

Секула Баткоски, директор на охридското средно угостителско училиште Ванчо Питошески, вели дека овој настан е од големо значење за Охрид и Македонија.
Македонија е нов, но многу активен член во нашата асоцијација. И ние сме многу благодарни што оваа конференција се организира овде во прекрасниот Охрид. Седми пат доаѓам во Македонија и можам да кажам дека овде луѓето се многу дружељубиви. Изненадени бевме сите од пречекот. Имавме исклучителен прием на аеродромот, со млади и дружељубиви луѓе со традиционален леб и сол. Многу сме среќни што сме тука. Македонија е прекрасна.
Клаус Ененберг, претседател на европската асоцијација на хотелско–туристички училишта.

„Очекувам добар настан, дружење, запознавање со другари нивни врсници од Англија, Франција, од скандинавските држави, речиси од цела Европа“, вели Баткоски.

Претседателот на европската асоцијација на хотелско–туристички училишта, Клаус Ененберг од Австрија, смета дека угостителските образовни институции од Македонија забрзано се приклучуваат кон современите европски наставни текови.

„Македонија е нов, но многу активен член во нашата асоцијација. И ние сме многу благодарни што оваа конференција се организира овде во прекрасниот Охрид. Седми пат доаѓам во Македонија и можам да кажам дека овде луѓето се многу дружељубиви. Изненадени бевме сите од пречекот. Имавме исклучителен прием на аеродромот, со млади и дружељубиви луѓе со традиционален леб и сол. Многу сме среќни што сме тука. Македонија е прекрасна“, вели Ененберг.

Наташа Јаневска од Министерството за образование рече дека туризмот и угостителството се едни од главните алки за развој на земјава. Таа рече дека министерство започнало со спроведување реформи за подобрување на стручното образование

„Министерството за образование ги поддржува ваквите конференции од кои би можеле да произлезат низа идеи кои во иднина би можеле да се развијат во проекти и можности за размена на учениците помеѓу државите со цел стекнување на знаења и искуства“, рече Јаневска.

Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, на отворањето на конференцијата, рече кажа дека овие млади луѓе се оние кои од храната создаваат уметност и со неа ги задоволуваат и најпрефинетите вкусови на гостите. На учесниците им порача по враќањето во нивните земји да ја раскажат приказната за убавините на Охрид и Македонија.
XS
SM
MD
LG