Достапни линкови

Оптимизам пред натпреварите со Хрватска и со Србија


Арената Филип Втори во Скопје.
Арената Филип Втори во Скопје.

Мечевите од квалификациите за Светското фудбалско првенство во Бразил во 2014 ќе се одиграат на Арената Филип Втори во Скопје, која веќе е распродадена за пресметката со Хрватите, а според најавите, така ќе биде и за натпреварот со северниот сосед.

Добрите партии на избраниците на селекторот Чедомир Јаневски на минатомесечните гостувања во Хрватска и во Шкотска, наголемо ја подобрија атмосферата во македонската фудбалска репрезентација. По подолго време таа повторно, за добро, е во центарот на вниманието на домашната јавност, која сега со оптимизам гледа на квалификациите за СП во Бразил, а пред сè на претстојните средби со Хрватска(в петок) и со Србија (во вторник). Мечевите ќе се одиграат на Арената Филип Втори во Скопје, која веќе е распродадена за пресметката со Хрватите, а според најавите, така ќе биде и за натпреварот со северниот сосед.
Ќе дадеме максимум, сите играчи што ќе истрчаат на терен, и сè е до нас. Ако ние влеземе како треба, нормално да го послушаме селекторот, очекувам минимум бод, а ако може и три зошто да не.
Бобан Грнчаров, фудбалер.

Тоа најдобро говори за новите ветришта, кои, според играчот за врска Никола Глигоров, се добредојдени за националниот тим.
Чедомир Јаневски, нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија.
Чедомир Јаневски, нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија.

„Очекувањата се зголемија, меѓутоа мислам дека тоа создава една позитивна трема и позитивен притисок. Така што во секој случај добро е оваа еуфорија што настана и мислам дека ќе води кон подобро“, вели Глигоров.

Слично размислуваат и другите репрезентативци, кои не кријат дека се зголемени и нивните очекувања кога е во прашање пласманот во групата во која имаме убедливо најслаб рејтинг. Сепак, поискусните, меѓу кои е и стоперот Николче Новески, потсетуваат дека секој натпревар е ново докажување.
Треба да се спуштиме сите на земја и да продолжиме онаму каде што започнавме во овие квалификации. Да ја демонстрираме онаа тимска игра која што ни беше главен атрибут во претходните два натпревари. Борбеноста, трчањето мора да бидат на високо ниво и доколку ја прикажеме таа игра и во одредени моменти ја надградиме, мислам дека можеме да очекуваме нешто повеќе отколку во претходните дуели.
Николче Новески, фудбалер.

„Треба да се спуштиме сите на земја и да продолжиме онаму каде што започнавме во овие квалификации. Да ја демонстрираме онаа тимска игра која што ни беше главен атрибут во претходните два натпревари. Борбеноста, трчањето мора да бидат на високо ниво и доколку ја прикажеме таа игра и во одредени моменти ја надградиме, мислам дека можеме да очекуваме нешто повеќе отколку во претходните дуели“, изјави Новески.

Првата шанса за такво нешто, играчите ја имаат задутре, против Хрватска. Тоа е селекцијата со највисок рејтинг во нашата група, но и противник што, иако не совладал 4 пати, не нè надиграл на ниту еден од досегашните седум меѓусебни дуели. Две средби завршија нерешено, а еднаш победи Македонија. Така беше и пред еден месец во Загреб, кога доживеавме несреќен пораз (1-0), но и уште еднаш се уверивме дека имаме сили за триумф над реномираниот ривал.

„Покажавме дека можеме да играме со нив, не само овој пат туку и пред тоа. Сега тие доаѓаат кај нас и сме подготвени. Мислам дека имаме голем квалитет. Ќе дадеме максимум, сите играчи што ќе истрчаат на терен, и сè е до нас. Ако ние влеземе како треба, нормално да го послушаме селекторот, очекувам минимум бод, а ако може и три зошто да не“, рече дефанзивецот Бобан Грнчаров.

Инаку, по досега одиграните две кола од мундијалските квалификации, во нашата група водат селекциите на Србија, Белгија и на Хрватска со по 4 бодови. Шкотска има два, Македонија еден, а последниот Велс е без бодови.
XS
SM
MD
LG