Македонската фудбалска репрезентација задутре ќе почне нов циклус квалификации, овој пат за СП во Бразил. Во нив влегуваме како убедливо најслаби во групата во која се и Хрватска, Србија, Белгија, Велс и Шкотска, па според многумина, освојувањето на за нас досега ненадминатото четврто квалификациско место, ќе претставува голем успех. Затоа речиси никој не говори за конечниот пласман, а селекторот Чедомир Јаневски, кој на кормилото ќе дебитира задутре во Загреб, изјавува:
„Амбиции имаат сите репрезентации и ние имаме амбиции. Тоа значи што е можно повеќе бодови да освоиме во оваа група и да видиме после 10 натпревари на кое место ќе бидеме. Не можам да кажам каде ни е местото, туку можам да кажам дека ќе работиме добро, ќе направиме добра организација и ќе одиме на секој натпревар да остваруваме позитивен резултат, а се надевам на нешто највисоко што може во овој момент.“
Слично размислуваат и фудбалерите, за кои ова е нова можност да докажат дека актуелниот катастрофален рејтинг на ранг листата на ФИФА (околу 100-тото место) не е реален одраз на нашиот квалитет.
„Како и во секои квалификации амбициозно влегуваме, затоа што нормално сите ние сме желни за еден успех со репрезентацијата, затоа што на сите нас ни фали тој успех. Секако групата е многу тешка, меѓутоа ќе се потрудиме да освоиме што е можно повеќе бодови. И ќе дадеме сите сè од себе, нов селектор да му помогнеме на него, исто и тој на нас, така да сите заедно како група да покажеме дека навистина тоа не е наше место и јас мислам дека имаме доволно квалитет да парираме со сите селекции“, рече напаѓачот Иван Тричковски.
Тој, заедно со репрезентативните колеги, првата шанса за потврда на кажаното ќе ја има в петок, на гостувањето кај Хрватска. Таа е репрезентација со највисок рејтинг во групата, но и ривал за кој, според селекторот, имаме противигра.
„Во животот секогаш сум бил оптимист, така и пред овој натпревар. Имаме наша стратегија и идеја како ќе играме во Хрватска. Ги гледавме на неколку натпревари, знаеме дека Хрватска има добар тим, но има и свои слабости. Така што, ќе работиме овие 2-3 дена колку можеме повеќе за да ги искористиме нивните слабости“, додаде Јаневски.
Позитивен резултат во Загреб, но и што е позначајно, успешни квалификации, очекуваат и домашните љубители на фудбалот.
„Да бидат подобри од овие досега што беа. Тоа очекувам, дали ќе се пласираат не е битно, него да тргне. Ова до сега беше ептен за никаде.“
„Очекувам победа во сите квалификациони натпревари. И се најубаво им пожелувам.“
„Очекувам успех. Мислам дека успешно ќе се води репрезентацијата со новиот селектор. Ќе биде во ред.“
„Па најверојатно подобро нешто од претходната кампања. И пласман на СП, нормално. Сигурно имаме сили“, изјавија анкетираните граѓани.
Амбиции имаат сите репрезентации и ние имаме амбиции. Тоа значи што е можно повеќе бодови да освоиме во оваа група и да видиме после 10 натпревари на кое место ќе бидеме. Не можам да кажам каде ни е местото, туку можам да кажам дека ќе работиме добро, ќе направиме добра организација и ќе одиме на секој натпревар да остваруваме позитивен резултат, а се надевам на нешто највисоко што може во овој момент.Чедомир Јаневски, селектор на фудбалската репрезентација на Македонија.
„Амбиции имаат сите репрезентации и ние имаме амбиции. Тоа значи што е можно повеќе бодови да освоиме во оваа група и да видиме после 10 натпревари на кое место ќе бидеме. Не можам да кажам каде ни е местото, туку можам да кажам дека ќе работиме добро, ќе направиме добра организација и ќе одиме на секој натпревар да остваруваме позитивен резултат, а се надевам на нешто највисоко што може во овој момент.“
Слично размислуваат и фудбалерите, за кои ова е нова можност да докажат дека актуелниот катастрофален рејтинг на ранг листата на ФИФА (околу 100-тото место) не е реален одраз на нашиот квалитет.
„Како и во секои квалификации амбициозно влегуваме, затоа што нормално сите ние сме желни за еден успех со репрезентацијата, затоа што на сите нас ни фали тој успех. Секако групата е многу тешка, меѓутоа ќе се потрудиме да освоиме што е можно повеќе бодови. И ќе дадеме сите сè од себе, нов селектор да му помогнеме на него, исто и тој на нас, така да сите заедно како група да покажеме дека навистина тоа не е наше место и јас мислам дека имаме доволно квалитет да парираме со сите селекции“, рече напаѓачот Иван Тричковски.
Да бидат подобри од овие досега што беа. Тоа очекувам, дали ќе се пласираат не е битно, него да тргне. Ова до сега беше ептен за никаде.Анкетиран граѓанин.