Извори блиски на ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи го вчерашниот меморандум од Аврамополус до Поповски сметаат дека станува збор за можен политички маневар, а во однос на содржината останува со сета сериозност да се разгледа и да се одговори. Претходно, во однос на дописот, портпаролот на владата потврди дека е добиен и ќе биде разгледан.
Македонија сега треба да направи две работи, велат во опозицијата. Прво, не треба да чека многу долго. Потребен е еден релативно брз одговор во расправа од неколку денови и второ да ја соопшти својата позиција околу елементите кои ја оцртуваат нашата црвена линија во однос на решавање на спорот за името, оценува Стево Пендаровски, претседател на Советот за безбедносни прашања и НАТО интеграции на СДСМ.
„Значи својата позиција да ја соопшти во свој меморандум така како што грчката страна направи со нејзиниот меморандум. Во тој свој меморандум да ги одбележи елементите кои ја оцртуваат таа таканаречена македонска црвена линија.“
Во дописот исто така е наведено дека се потврдува заедничката постоечка граница како трајна и неповредлива меѓународна граница и се додава дека е потребно целосно почитување на принципите на добрососедство.
Пенадровски потенцира дека со меморандумот Грција има намера да ја преземе дипломатската офанзива во пресрет на декемврискиот самит на Унијата од кој Македонија очекува позитивна препорака од Комисијата. Грција има интерес да покаже дека има волја да го реши проблемот бидејќи подолго време беше обвинувана, не само од Скопје, туку и од некои кругови во Брисел дека не се интересира да го реши овој проблем поради свои внатрешни проблеми, вели Пендаровски.
Македонија треба веднаш да реагира во смисла на тоа дали и што од ова како симулација на некоја понуда било договорено претходно со македонската страна, вели Тито Петковски од НСДП. Според него, Грција практично не нуди ништо, но внесува една нова содржина дека наводно некои елементи биле договорени.
„Меѓународната јавност треба да знае дали Македонија веќе е подготвена да учествува активно во преговарачкиот процес.“
Павле Трајанов од ДС нагласува дека клучно на што ќе се кршат копјата е околу тоа дека Грција инсистира на име за севкупна употреба кое, како што вели, е надвор од Времената спогодба меѓу Македонија и Грција, каде е сосем јасно речено дека ќе се разговара за разликите околу користење на името во рамки на ОН и други меѓународни организации. Идејата тоа име да биде за севкупна употреба имплицира промена на Уставот. Апсолутно не се прифатливи таквите идеи за Македонија, вели Трајанов.
„Јас како што знам, во Република Македонија треба да се изгради единствен став само околу тоа можно ли е референцата БЈРМ да се замени со име за меѓународна употреба. Веројатно тоа ќе биде нашата црвена линија како држава, но треба да се консултираат и експерти и тие што имаат поголемо влијание во носењето на одлуките.“
Во дописот кој Грција и го испрати на Македонија се наведува дека секој предлог треба да содржи јасна и дефинитивна одредница за името, што нема да остави нејаснотии во однос на разликата помеѓу територијата на поранешна југословенска Република Македонија и региони во соседните земји, особено од регионот на Македонија во северна Грција и дека договореното име ќе се користи од страна на сите и за сите намени.
Својата позиција да ја соопшти во свој меморандум така како што грчката страна направи со нејзиниот меморандум. Во тој свој меморандум да ги одбележи елементите кои ја оцртуваат таа таканаречена македонска црвена линија.Стево Пендаровски, претседател на Советот за безбедносни прашања и НАТО интеграции на СДСМ.
Македонија сега треба да направи две работи, велат во опозицијата. Прво, не треба да чека многу долго. Потребен е еден релативно брз одговор во расправа од неколку денови и второ да ја соопшти својата позиција околу елементите кои ја оцртуваат нашата црвена линија во однос на решавање на спорот за името, оценува Стево Пендаровски, претседател на Советот за безбедносни прашања и НАТО интеграции на СДСМ.
„Значи својата позиција да ја соопшти во свој меморандум така како што грчката страна направи со нејзиниот меморандум. Во тој свој меморандум да ги одбележи елементите кои ја оцртуваат таа таканаречена македонска црвена линија.“
Јас како што знам, во Република Македонија треба да се изгради единствен став само околу тоа можно ли е референцата БЈРМ да се замени со име за меѓународна употреба. Веројатно тоа ќе биде нашата црвена линија како држава, но треба да се консултираат и експерти и тие што имаат поголемо влијание во носењето на одлуките.Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз.