Достапни линкови

Руинирани поранешните одморалишта во Охрид


Некогаш најпознатите одморалишта на охридската ривиера, Магнус и Ферајалното одморалиште, се целосно запуштени. Објектите се обраснати во трева и трње и истите служат како јавни тоалети.

Охриѓани велат дека како од хорор филмовите изгледаат некогаш едни од најпосетуваните одморалишта покрај брегот на Охридското Езеро, Магнус и Феријалното одморалиште. Обраснати во трева и трње и целосно запуштени, жителите на охридската населба Воска, каде се наоѓаат и двата објекти, бараат државата да го реши проблемот околу имотно правниот статус за да може истите конечно да проработат. Претседателот на месната заедница во Воска Илија Магденоски вели оти и двата објекти сега се претворени во јавни тоалети.
Магнус пред 15 години важеше за еден од подбрите објекти. Сега е претворено во дивина, како да се наоѓате во некоја планина. Одморалиштето на Феријален сојуз го смени газдата и сега не знаеме кој е газда. Се слушаат разни гласини. Но, кој и да е газда, треба да дојде и да го среди. Со Магнус треба државата треба да реагира,и знаеме дека се води некој спор. За Магнус не знаеме кој е газда и каде да се обратиме како месна заедница, за Феријален не знаеме каде да се обратиме. Се слушаат гласини дека го зеле луѓе од надвор.
Илија Магденоски, претседател на месната заедница Воска во Охрид.

„Магнус пред 15 години важеше за еден од подбрите објекти. Сега е претворено во дивина, како да се наоѓате во некоја планина. Одморалиштето на Феријален сојуз го смени газдата и сега не знаеме кој е газда. Се слушаат разни гласини. Но, кој и да е газда, треба да дојде и да го среди. Со Магнус треба државата треба да реагира,и знаеме дека се води некој спор. За Магнус не знаеме кој е газда и каде да се обратиме како месна заедница, за Феријален не знаеме каде да се обратиме. Се слушаат гласини дека го зеле луѓе од надвор“, вели Магденоски.
Околу одморалиштата се појавуваат мини депонии.
Околу одморалиштата се појавуваат мини депонии.

Нефункционирањето на двете одморалишта значи и лоша слика за цел Охрид, вели Васил Наумоски жител на Охрид.

„За Магнус се води една историска борба со години и не може да се најде сопственик. Имаме судство, но се префрла топката.“

РСЕ: Како ги паметите овие одморалишта порано?

„Како најпосетувани. Тука беше градска плажа, тука беше цел Охрид. Оваа бедотија не е видена никогаш. Феријалното го распродадоа, ги искорнаа и камп приколките и целата инсталација“, вели Васил Наумоски, жител на Охрид.

Павле Лазароски и Димче Ѓорѓиоски велат дека двата објекти биле едни од најпрочуените во Охрид, каде секое лето се барало место повеќе.

„Се надевам дека некој од надлежните институции ќе се огласи и ќе го реши овој проблем. Магнус веќе 10 години не работи. Претходно овде се одржуваа свечености, свадби. Од тогаш е во катастрофална состојба, објектот, плажата“, вели Лазароски.

„Од една страна бараме туристи да ни дојдат, а од друга страна ги бркаме. Немаат поим што се работи овде. Министерството за транспорт и врски само на хартија постои, а мерки не преземаат. Ова беше градска плажа, а сега е најголемо ѓубре. Овие хотели беа прочуени насекаде, а сега само змии овде има“, вели Ѓорѓиоски.

Во катастрофална состојба се наоѓаат и плажите во овој дел на градот, а депониите ѓубре се секојдневие за овие луѓе, бидејки нив ги има речиси на секој чекор.
XS
SM
MD
LG