Илинка Петреска, мајката на 29-годишниот Марко Деспотоски, еден од десеттемина резервисти, коишто загинаа 2001 во убиството кај Карпалак, бара помош од државата. Оваа мајка на бранител, со солзи во очите ги упатува молбите до надлежните институции. Зашто вели веќе не може да се движи. Живее на шести кат, но не може да слегува по скалите, ја болат нозете, се задушува, за неа е премногу високо.
„Пониско ми е подобро да живеам. Од крај баравме да живеам на пониско, ама нема никаков одговор на тоа, бевме во Министерство, бевме таму, ќе видиме, ќе видиме, со тоа остана“, се жали оваа мајка, која по загинувањето на својот син, тешко се снаоѓа во животот воопшто.
„Се губам со умот, нервоза ме фаќа, на тераса не можам да излезам, сама живеам, никој не доаѓа да ме посети“, вели Илинка, низ солзи сеќавајќи се на кобниот ден кога и била соопштена трагичната вест.
„Ноќта не можев да спијам, излези надвор, седи и кога дојдоа да ми кажат со комбе - биди храбра, храбро загина синот ваш и ми дадоа апчиња за да се смирам и ништо не знаев тогаш. Денеска му е роденден, на денешен ден требаше да има 39 години, денеска требаше да го посетам и гробот.“
Тагата на Илинка е уште поголема, зашто не може да појде во Новоселани, да запали свеќа на гробот на својот син. Вели животот и е мрачен, пуст и црн. Заспива и се буди со спомените.
„На се мислам на самоста, мислам на него, не знам како ќе се доживее, ме фаќа страв од осаменоста“, плаче Илинка, тешко ги изговара зборовите.
Со страв ги прави сите чекори, од време на време и доаѓа во посета една млада жена, колку да и помогне, да и ги плати сметките, да и купи леб, да не остане гладна. Да живееше малку пониско вели, ќе можеше да излегува сама на прошетка, на чист воздух, да види други луѓе, со некој да прозбори, да и минат лошите мисли, тагата, преголемата болка која не стивнува и по една деценија од смртта на Марко.
Но, Илинка има и друга мака. За да живее во овој стан, што со решение како мајка на загинат бранител и го доделила Владата пред десетина години, таа морала да плати илјада евра, за сите трошоци коишто ги направил дивовселен граѓанин, којшто очигледно никој не можел или не сакал да го исели од станот, што нејзе и припаѓал. Пред 2 години, сепак таа се вселила во станот, барала да и се вратат парите. Единствено Јавното претпријатие за станбен простор во чија сопственост е станот, и одобрило 40.000, но досега и се вратени само 3.000 денари.
Оваа жена е оставена целосно сама на себе, без никаква грижа од институциите.
„Донации идат, слушам на телевизија, јас воопшто немам земено ништо, прашај - не ти следува, само на тие што имаат деца живи, за школување - значи јас како мајка, не ми следувало ништо.“
Единствена утеха за Илинка е фактот што синот Марко загина за слободата, за Македонија, како што вели. Но, моли оваа мајка, да и се овозможи преселба во стан на понизок кат, за да може полесно и почесто да оди на гробот, да пали свеќа, зашто таму се чувствува поблиску до Марко, само таму го наоѓа мирот.
Пониско ми е подобро да живеам. Од крај баравме да живеам на пониско, ама нема никаков одговор на тоа, бевме во Министерство, бевме таму, ќе видиме, ќе видиме, со тоа остана.Илинка Петреска, мајка на загинатиот Марко Деспотоски.
„Пониско ми е подобро да живеам. Од крај баравме да живеам на пониско, ама нема никаков одговор на тоа, бевме во Министерство, бевме таму, ќе видиме, ќе видиме, со тоа остана“, се жали оваа мајка, која по загинувањето на својот син, тешко се снаоѓа во животот воопшто.
„Се губам со умот, нервоза ме фаќа, на тераса не можам да излезам, сама живеам, никој не доаѓа да ме посети“, вели Илинка, низ солзи сеќавајќи се на кобниот ден кога и била соопштена трагичната вест.
Донации идат, слушам на телевизија, јас воопшто немам земено ништо, прашај - не ти следува, само на тие што имаат деца живи, за школување - значи јас како мајка, не ми следувало ништо.Илинка Петреска, мајка на загинатиот Марко Деспотоски.