Достапни линкови

Увозните круши создаваат проблеми на домашната вилјамовка


Круша вилјамовка.
Круша вилјамовка.

Земјоделскиот инженер агроном Горан Пешевски одгледува круша вилјамовка. Првата годинешна реколта му создава проблеми со пласманот, поради увезените круши главно од Грција.

Земјоделскиот инженер агроном Горан Пешевски (49) од Куманово голем вљубеник во својата професија, како и во одгледување на растенијата, пред три години со сопствена инвестиција, но со голема стручна поддршка на неговите колеги од Земјоделскиот факултет во Скопје, одлучил да купи земјоделско земјиште од нешто повеќе од еден хектар во кумановското село Војник, на кое подигнал современ насад на круша вилјамовка.
Неколку пати се обидував да добијам државно земјиште на користење. Не успеав и на крајот се одлучив со сопствени средства да купам земјиште и да подигнам насад за да си ја реализирам мојата идеја.
Горан Пешевски, земјоделскиот инженер агроном.

Горан Пешевски од Куманово.
Горан Пешевски од Куманово.
Насадот е, како што вели Горан, со запазени сите европски стандарди, шпалир, полевање со системот капка по капка, заштитна мрежа од временските непогоди и со строго контролирана употреба на заштитни средства. Првата годинешна реколта, за жал, му создава проблеми со пласманот, поради увезените круши главно од Грција, иако тој планирал своето производство да го пласира исклучиво на домашниот пазар, бидејќи во Македонија вилјамовка не е доволно застапена.
За неговите почетоци во оваа „земјоделска авантура,“,особено како човек кој потекнува од градско семејство, Горан раскажува:

„Неколку пати се обидував да добијам државно земјиште на користење. Не успеав и на крајот се одлучив со сопствени средства да купам земјиште и да подигнам насад за да си ја реализирам мојата идеја.“
Кај нив субвенциите што ги добија преку европските фондови буквално беа исфинансирани од државата, а на земјоделците им остана само да работат. Имаат поголеми површини, исто така многу добро се субвенционирани од државата и во механизацијата, многу лесно можат цената на крушата да ја спуштат толку ниско, дури ниту со прелевман не можеме да се заштитиме. Особено јас како мал произведувач и со сопствени средсвта не можам да бидам конкурентен.
Горан Пешевски, земјоделскиот инженер агроном.

За овој проект Горан многу читал, се консултирал со стручњаци од Земјоделскиот факултет и со макотрпна работа, насадот е во трета година и прва родност. Од идната година кога очекува полна родност би требало и инвестицијата да почне да се враќа. За насадот Горан со голема љубов раскажува:

„Овој тип на насад е современ овоштраник со шпалир, со ситем капка по капка за полевање и со заштитна мрежа од град. Таков насад многу чини за наши услови. Добив субвенции, но тие се многу мали за ваков насад.“

Меѓутоа, се чини најголем проблем е пласманот на ова многу вкусно, богато со витамини и минерали, во светот исклучително ценето овошје, кое се користи дури и за храна на бебиња, Горан вели:

„За жал оваа година, на македонскиот пазар кој е многу мал во времето на бербата влезе круша од увоз, цената многу падна, дури до таму да не може ниту да се реализира производството. Жално е бидејќи во Македонија има едвај 30-ина хектари со круши.“

Иако вилјамовка во соседните земји се користи за производство на релативно скапа ракија, Горан вели дека нему основната преокупација му е примарното производство, а не преработка.Тој како агроном не сака ниту да преработува, нуту да тргува со крушата.
Не се плашам и не се откажувам, затоа што токму ова знам најдобро да го работам и секако најповеќе сакам да го работам. Сакав да работам со растенија. Крушата е многу интересна, профитабилна е по сите пресметки, но и многу бара, многу е нежна и многу ризична за производство.
Горан Пешевски, земјоделскиот инженер агроном.

„За жал тие односи производител -преработувач или производител –трговец, кај нас не се во добра корелација.“

Овој агроном насадот главно го одржува сам и вели дека за еден хектар не може да обезбеди скапа механизација. Но, не му е тешко. Помошта му е неопходна во времето на окројувањето и бербата, а тогаш најчесто се вклучуваат семејството, роднини и пријатели.

„Сум размислувал за некоја година да го проширам насадот, но повторно е проблем со земјоделско земјиште, кое треба да биде во склоп на овој насад за да биде исплатливо и под контрола. За жал веќе почнав да се разочарувам од пазарот за реализацијата на готовиот производ.“

Иако постојат прелевмани за увозниците, сепак конкуренцијата која оваа сезона дошла од Грција Горан вели:

„Кај нив субвенциите што ги добија преку европските фондови буквално беа исфинансирани од државата, а на земјоделците им остана само да работат. Имаат поголеми површини, исто така многу добро се субвенционирани од државата и во механизацијата, многу лесно можат цената на крушата да ја спуштат толку ниско, дури ниту со прелевман не можеме да се заштитиме. Особено јас како мал произведувач и со сопствени средсвта не можам да бидам конкурентен.“

Во наредните пет години Горан се надева дека ќе ги поврати вложените средства, под услов сето производство да се пласира по соодветна цена. Но, во земјоделието особено важен фактор се и климатките прилики. Најголема опасност се ниските температури од кои ова растение не може да се заштити.

И покрај сите тешкотии со кои се соочува овој производител на вилјамовка вели дека:

„Не се плашам и не се откажувам, затоа што токму ова знам најдобро да го работам и секако најповеќе сакам да го работам. Сакав да работам со растенија. Крушата е многу интересна, профитабилна е по сите пресметки, но и многу бара, многу е нежна и многу ризична за производство.“

Богата со многу витамини и минерали крушата е здраво овошје, а Горан на неговиот насад по сите стандарди употребува заштитни средства толку колку што се неопходни да ги заштитат насадите, согласно прописите на ЕУ предвидени на зелената листа, и се води сметка што помалку да се употребуваат.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG