Достапни линкови

Студенчишкото блато во Охрид - рај за комарци


Студенчишкото блато во Охрид.
Студенчишкото блато во Охрид.

Студенчишкото блато во Охрид е потенцијален извор на развивање на комарци, велат надлежните. Од Центарот за јавно здравје во Охрид вели дека есенско прскање прoтив комарци треба да има и во Охрид и во Струга, бидејќи двата града лежат на вода.

Студенчишкото блато во Охрид е потенцијален извор на развивање на комарци, велат надлежните. Според нив, неопходно е прскање и во Охрид и Струга, бидејќи двата града лежат на вода и мочуришта. Комисјата за заштита на населението од заразни заболувања донесе одлука да се изврши дополнителна дезинсекција, особено на критичните места каде има езера, канали и мочуришта. Ова доаѓа по појавата на нови заразени случаи од болеста нилска треска, болест која се пренесува преку комарци.
Ќе бидат лоцирани посебни целни места каде можноста за развивање на комарци е голема како што е Студенчишкото блато во Охрид, да се направи прскање кое и државата ќе го финансира. Еден дел од Охрид како што е Студенчишкото блато има идеални услови за развивање и раст на комарците. Ние ќе предложиме не само локалната туку и државата да помогне и прскањето да го направиме посеопфатно и граѓаните да се заштитат.
Атанаско Михаилов директор на Центарот за јавно здравје во Охрид.

Атанаско Михаилов, директор на Центарот за јавно здравје во Охрид, вели:

„Ќе бидат лоцирани посебни целни места каде можноста за развивање на комарци е голема како што е Студенчишкото блато во Охрид, да се направи прскање кое и државата ќе го финансира. Еден дел од Охрид како што е Студенчишкото блато има идеални услови за развивање и раст на комарците. Ние ќе предложиме не само локалната туку и државата да помогне и прскањето да го направиме посеопфатно и граѓаните да се заштитат“, вели Михаилов.

Една од причините за појавата на болеста, вели Михаилов, е променливото време со наизменично топли и влажни периоди во текот на овој период. Тој вели дека тие како надлежна институција извршиле прскање во изминатиов период во општините Дебар, Дебарца и Центар Жупа. Општина Охрид, пак, прскање по воздушен пат извршила приватна фирма. Тој вели дека, според нивните информации, во Струга и Вевчани неколку години не било извршено прскање против комарци.

„Повеќе години наназад, јас немам точни информации колку години точно не е прскано. Општините Струга и Вевчани повеќе години не се прскани, барем ние немаме информации. Во општината Струга подолго време нема прскање и мислам дека не е добро. Тоа е една од мерките кој ги спречува овие заболувања. Нилската треска е класичен пример на болест која се пренесува преку комарец и предизвикува заболување кое има многу тешка клиничка слика. Најризична група се младата популација затоа што имаат послаб имунитет или луѓе кои се хронично болни“, вели Михаилов.

Михаил Пачуиловски од Институтот за јавно здравје и Професор на медицинскиот факултет во Скопје вели дека есенско запрашување против комарци треба да има, затоа што температурите за овој период од годината се многу високи и оти најидеален период за прскање е почетокот на октомври.
XS
SM
MD
LG