ССМ за поскапувањата и протестите
Претседателот на Сојуз на синдикатите Живко Митревски по еден месец излезе на прес конференција да одговори на повиците на граѓанската иницијатива АМАН. Тој ги негира обвинувањата дека не преземаат мерки за заштита на работниците од новиот ценовен шок кој следува по поскапувањата на енергенсите. Митревски вели дека испратиле барање за да се преиспита работата на претседателот на Регулаторната комисија, поради нетранспарентно работење и непочитување на договорот со социјалните партнери. Но тој не сакаше да одговори до кого го доставил барањето и кога Сојузот го направил тоа.