Достапни линкови

Синдикатот на УПОЗ и стечајците со поддршка за АМАН


Граѓанската иницијатива „АМАН“ организира протести против поскапувањето на струјата, парното и горивата на 21 август 2012.
Граѓанската иницијатива „АМАН“ организира протести против поскапувањето на струјата, парното и горивата на 21 август 2012.

Вечерва продолжуваат протестите против поскапувањата. Иницијативата АМАН доби поддршка од Синдикатот на УПОЗ и од стечајците.

Граѓанската иницијатива АМАН не се откажува од протестите против поскапувањата на енергенсите се додека не бидат исполнети нивните барања. Зад нив денеска на протестите пред Регулаторната комисија за енергетика ќе застане и Синдикатот на работниците во управата и правосудството, а поддршка добија и од стечајците.

Нашите членови бараа од нас да реагираме за загрозената економско-социјална положба на нивните семејства и општо на сите граѓани во Македонија. Самите ни кажуваат дека доколку продолжи ваквиот тренд на зголемување на цените, можно е и порадикално изразување на незадоволството.
Милан Живковиќ, генерален секретар на Синдикатот на УПОЗ.
Еден од членовите на иницијативата Александар Гочев вели дека досега се задоволни само од масовноста на протестите, бидејќи сè уште немаат никаков одговор од надлежните институции. Тие доставија и иницијатива до Собранието за одржување на надзорна расправа во Комисијата за економски прашања за работата на Регулаторна и методите на формирање на цените.
Протести против поскапувањето на струјата, парното и горивата во Битола.
Протести против поскапувањето на струјата, парното и горивата во Битола.

„Колку ќе добиеме одговор од комисијата, тоа ќе одлучи мнозинството во рок од 15 дена. Ние ги имаме испитано сите оние правни, законски регулативи, така што доколку тие не ја прифатат оваа наша иницијативата, тогаш ние ќе преминеме на следниот чекор, тоа го работи правниот тим и во моментов не би знаел да ви кажам. Ние остануваме на нашите протести.“

Доколку и ова нивно барање на наиде на одобрување, Гочев вели дека нема да се откажат, туку ќе преземат и други мерки.

„По оваа институционална битка, така да ја речам, со Комисијата за економски прашања ќе следуваат тие мерки, кои дополнително ќе бидат утврдени од она Народно собрание кое секој ден заседава во 20 часот кај Мајка Тереза.“

И генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ Милан Живковиќ не ја исклучи можноста за преземање на порадикални чекори, бидејќи и самите граѓани го бараат тоа.

„Не само што раководството на Синдикатот на УПОЗ смета дека за вакво социјално прашање Синдикатот мора да реагира, туку и нашите членови бараа од нас да реагираме за загрозената економско-социјална положба на нивните семејства и општо на сите граѓани во Македонија. Самите ни кажуваат дека доколку продолжи ваквиот тренд на зголемување на цените можно е и порадикално изразување на незадоволството. Впрочем, зошто да не се реагира и зошто да не се дава поддршка на граѓаните“, рече Живковиќ.

Протести се најавени и во Битола, Куманово, Штип, како и во Тетово и Прилеп.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG