Нападот врз Сребреница почна на 6 јули 1995 година, а заврши пет дена подоцна со влегување на командантот на силите на босанските срби Ратко Младиќ во градот. Тоа беше муслиманска енклава под заштита на Обединетите нации и во него беше стациониран холандски баталјон.
Младиќ тогаш изјави дека се наоѓал во српска Сребреница и оти дошло време за одмазада врз Турците на овие простори.
Според Хашкиот трибунал, војниците под команда на Младиќ организирано и систематски до 19 јули убиле 8 илјади муслимански мажи и деца, а депортирале или принудиле на бегство околу 30 илјади жени.
Меѓу нив беше и Зумра Пашалиќ чиј син Аид тогаш имал само два месеца:
„Мене ми е жал за градот и тоа не се опишува, бидејќи бев тука, детето го родив тука и со него се борев да преживеам. Не размислував за ништо друго. Случајно и мажот ми преживеа, но не и татко ми и уште 30 членови на моето семејство.“
Нејзиниот 17 годишен син Аид кој за прв пат од Холандија дојде со традиционалниот Марш на мирот во Сребреница сака да слушне од неговата мајка како било тогаш:
„Ништо не ми рекоа. Сакам сам да видам како беше. Морам еднаш да минам преку тоа. Ќе доаѓам и во иднина. Сребреница за мене е се. Тука сум роден.“
И додека некои се враќаат да запаметат, некои како Нерка Делкиќ вели дека Сребреница и тогашните ужаси полека се забораваат.
„Минаа многу години и кога се зборува за тоа на секој, нормално, му е жал, но имам впечаток дека народот како да почна да заборава. Дури и моите ми велеа ајде не оди годинава, остани. Но, како да да не дојдам и мирно да седам на овој ден.“
На годинашниот марш беше и Изудин Алиќ, детето од Сребреница, познато по телевизиските снимки на кои тогаш Ратко Младиќ го погали по главата и му даде чоколада. Тој наскоро во Хаг ќе се соочи со Младиќ за да сведочи против него.
„Бидејќи сум последен сведок, треба прво да земам чоколада и да му ја вратам, а потоа да сведочам. Но бог знае кога тоа ќе биде. Само ќе му кажам: Никој не смее ништо да ви направи, правец кон Поточари, бидејќи тогаш го загубив семејството. Тешко е, тага и чемер. Кој не преживеал, тој не знае“, вели Алиќ.
Многумина немаат храброст да зборуваат за тогашните ужаси:
„Никој никого не можеше да носи на грб. Имаше многу случаи брат да мора да го остави другиот, за некој барем да преживее во семејството“, се потсетува Фатима Даутбашиќ.
Меѓународниот суд на правдата во 2007 година злосторствата во Сребреница и официјално ги прогласи за геноцид.

Мене ми е жал за градот и тоа не се опишува, бидејќи бев тука, детето го родив тука и со него се борев да преживеам. Не размислував за ништо друго. Случајно и мажот ми преживеа, но не и татко ми и уште 30 членови на моето семејство.Зумра Пашалиќ, жителка на Сребреница.