ВМРО- ДПМНЕ се подготвени за дебати, меѓутоа сметаат дека СДСМ прашањето за надзорни расправи во парламентот треба да си го реши со координаторите на пратеничките групи. Ова е одговорот на Александар Николовски од таа партија околу иницијативата на парламентарната опозиција која бара да се одржуваат надзорни расправи како контрола на работењето на владата.
„Имајќи предвид дека СДСМ поведе иницијатива за дебата околу субвенциите во земјоделието, со задоволство сме спреми да дебатираме со СДСМ колку и како се распределувани сега, а колку во време на СДСМ. Сето останато си е работа на договор, секогаш во согласност со законот, секогаш се спроведува на координација кај претседателот на Собранието.“
Од Кабинеот наТрајко Велјаноски го повторуваат ставот од вчера дека не е проблем дали треба да се организираат надзорни расправи, бидејќи тоа е обврска која произлегува од законот, туку како да се организираат од причина што опозицијата 6 месеци ги бојкотира координциите. Од таму наведоа дека ја разбираат иницијативата на опозицијата, но сметаат дека за да се договорат за ова прашање треба во понеделник да присуствуваат на координција за да се направи годишен план во врска со иницијативата.
На прашање дали поради ваквата иницијатива опозицијата планира да го прекине бојкотот на координациите кој трае, Оливер Спасовски од СДСМ одговори дека бојкотот се однесува на Велјановски.
„Координациите се една работа. Ние сега разговараме за закон за парламент и врз основа на тој закон, за почитување на тој закон и организирање на надзорните расправи. Исклучително тој треба да се позанимава со прашањето на координациите, а додека сите законски можности кои стојат пред опозицијата ние ќе ги искористиме се во интерес на гражаните.“
Од експертските кругови може да се слушне дека инцијативата на СДСМ ќе овозможи парламентот да ја исполни својата втора задача според Уставот, а тоа е контрола врз извршната власт. На прашање дали може кај нас да се организираат надзорни расправа како во американскиот конгрес и може ли да биде поинаку од воспоставената шема на препирки преку партиските пресс конференции кои се организираат секој ден, експертите велат- Секако дека може, но има неколку предуслови.
„Опозицијата сепак овие надзорни сослушувања да не ги користи за политички маркетинг, а од друга страна пратениците на власта треба да се потрудат да гледаат на себе си како претставници на Собранието“, вели аналитичарот Здравко Савески.
На темите за кои парламентарната опозиција ќе бара да се одржуваат надзорни расправи како сведоци ќе бидат повикувани најодговорните лица, почнувајќи од премиерот од министрите.
Имајќи предвид дека СДСМ поведе иницијатива за дебата околу субвенциите во земјоделието, со задоволство сме спреми да дебатираме со СДСМ колку и како се распределувани сега, а колку во време на СДСМ. Сето останато си е работа на договор, секогаш во согласност со законот, секогаш се спроведува на координација кај претседателот на Собранието.Александар Николовски, ВМРО-ДПМНЕ.
„Имајќи предвид дека СДСМ поведе иницијатива за дебата околу субвенциите во земјоделието, со задоволство сме спреми да дебатираме со СДСМ колку и како се распределувани сега, а колку во време на СДСМ. Сето останато си е работа на договор, секогаш во согласност со законот, секогаш се спроведува на координација кај претседателот на Собранието.“
Од Кабинеот наТрајко Велјаноски го повторуваат ставот од вчера дека не е проблем дали треба да се организираат надзорни расправи, бидејќи тоа е обврска која произлегува од законот, туку како да се организираат од причина што опозицијата 6 месеци ги бојкотира координциите. Од таму наведоа дека ја разбираат иницијативата на опозицијата, но сметаат дека за да се договорат за ова прашање треба во понеделник да присуствуваат на координција за да се направи годишен план во врска со иницијативата.
Координациите се една работа. Ние сега разговараме за закон за парламент и врз основа на тој закон, за почитување на тој закон и организирање на надзорните расправи. Исклучително тој треба да се позанимава со прашањето на координациите, а додека сите законски можности кои стојат пред опозицијата ние ќе ги искористиме се во интерес на граѓаните.Оливер Спасовски, СДСМ.