Достапни линкови

Различните погледи на историјата создаваат тензии


Мапа на Скопје.
Мапа на Скопје.

Промената на имињата на улиците на површина ја изнесе и историската поделеност на јавноста, покрај партиската, етничката или религиозната.

Последните случувања меѓу советниците од власта и опозицијата во Градското собрание покажуваат дека покрај партиската, етничката, религиозната, на површина излегува и историската поделеност на јавноста. Домашните аналитичари оценуваат дека во обид да се претстави однесувањето на политичкиот сопарник како неоправдано и неподобно, политичарите почнаа да создаваат тензија и во таква атмосфера да ја злоупотребуваат историјата.
Во зависност кој кои информации ги користел, колку е информиран за некоја личност и ние си завземаме некакви ставови за тие личности, така да тешко е да најдете и двајца историчари кои имаат исто мислење за одреден настан или одредена личност.
Новица Велјановски, историчар.

И меѓу самите историчари постои поделеност околу одредени историски личности и настани, вели историчарот Новица Велјановски.

„Во зависност кој кои информации ги користел, колку е информиран за некоја личност и ние си заземаме некакви ставови за тие личности, така да тешко е да најдете и двајца историчари кои имаат исто мислење за одреден настан или одредена личност.“
Незадоволни граѓани од преименувањето на улиците предизвикаа гужва пред влезот на Советот на град Скопје.
Незадоволни граѓани од преименувањето на улиците предизвикаа гужва пред влезот на Советот на град Скопје.

Преименувањето на улиците во градот веќе долго време е тема која ги разединува граѓаните. За едните тоа е бришење на историјата и прекројување на македонскиот идентитет. За други тоа е техничка работа која одамна требало да се направи во Скопје.

Професор Лазар Лазаров смета дека сите овие поделби можело да се избегнат ако улиците носат географски имиња или броеви.
И сега за некој кој е многу млад, кој учествувал во конфликтот во 2001- та, детето нема ни 22 години, ние не знаеме каква е неговата биографија и како сега да се именува училиште по него.
Мустафа Абзим, универзитетски професор.

„Имиња на реки, на планини, на цвеќиња, на дрвја, значи нешто природно што не може да создава можности за тензии.“

Слични реакции и поделби во општеството предизвика и иницијативата за промена на имињата на неколку училишта во скопски Чаир.

Универзитетскиот професор Мустафа Абзим се согласува дека политичарите ја злоупотребуваат историјата за политички поени, па според него подобро е да се избегнува именувањето на улиците и училиштата според одредени историски ликови. Доколку, пак, тоа не може да се случи, личностите кои се одбираат треба да имаат историска тежина и чие дело оставило белег во историјата.

„И сега за некој кој е многу млад, кој учествувал во конфликтот во 2001-та, детето нема ни 22 години, ние не знаеме каква е неговата биографија и како сега да се именува училиште по него.“

Политичарите требало да внимаваат на историското минато на одредени личности кога предлагале преименување на улиците. Мешањето на историјата во современиот политички живот само покажува колку е исполитизирано македонското општество, велат експертите.

„На пример сега моментално се наоѓам на една комисија и тука со некои колеги кои се именувани од други партии стално имаме расправи дали треба или не треба и тоа сум го почуствувал лично, отпори се јавуваат и таму кадешто нема место за отпори“, заклучува Велјановски
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG