Македонските кошаркари, благодарение на Нов Зеланд, го освоија првото место во групата Д на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Лондон што се игра во главниот град на Венецуела, Каракас. Во четвртфиналето, Македонија ќе игра против поразената репрезентација од вечерашниот дуел Русија-Доминиканска Република.
Нов Зеланд пред малку ја победи Ангола со 68-64. Сите три репрезентации во групата имаат по еден пораз и по една победа, па редоследот на табелата го одредува кош разликата. Македонија, по вчерашната убедлива победа против Нов Зеланд, има најдобра кош разлика. Ангола е втора, а Нов Зеланд го заврши натпреварувањето.
Ангола во четвртфиналето ќе се соочи со првопласираната репрезентација од групата Ц. Вечерва ќе се знае дали тоа ќе биде Русија или Доминиканската Република.
Трите најдобри селекции на турнирот ќе се квалификуваат на Олимписките игри.
Од другата половина на турнирот, битката за влез во полуфиналето ќе се води меѓу Грција и Порторико од групата А, односно Литванија, Венецуела и Нигерија од групата Б.
Јордан, Јужна Кореја и Нов Зеланд веќе го завршија натпреварувањето.
редоследот на табелата го одредува кош разликата. Македонија, по вчерашната убедлива победа против Нов Зеланд, има најдобра кош разлика. Ангола е втора, а Нов Зеланд го заврши натпреварувањето.