Достапни линкови

Кошаркарите ги продолжија шансите за Олимпијада


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Со победата против Нов Зеланд, Македонија ги продолжува натпреварите на квалификацискиот турнир за Олимпијадата. Утре ќе се знае со кого ќе игра во четвртфиналето.

Македонските кошаркари го победија Нов Зеланд со 84-62 во вториот меч од групата Д на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Лондон што се игра во главниот град на Венецуела, Каракас и обезбедија пласман во четвртфиналето.
По утрешниот натпревар Ангола-Нов Зеланд ќе се знае дали Македонија ќе биде прво или место во групата и кој ќе и биде противник во четвртфиналето.

Првите две репрезентации од групата во која, покрај Македонија и Нов Зеланд, игра и Ангола продолжуваат во четвртфиналето. По утрешниот натпревар Ангола-Нов Зеланд ќе се знае дали Македонија ќе биде прво или второ место во групата и кој ќе и биде противник во четвртфиналето. За Македонија да биде прва во групата и со тоа да ја избегне Русија, потребно е Нов Зеланд да ја победи Ангола.

Македонските кошаркари го контролираа резултатот во целиот натпревар.

Најефикасен на натпреварот беше Бо Мекејлеб со 23 поени. Капитенот Перо Антиќ даде 17 поени, а оствари и 10 скока, а Тодор Гечевски го заврши натпреварот со 16 поени. Во составот на Нов Зеланд, најефикасен беше Алекс Плеџер со 11 поени.

Македонија во четвртфиналето ќе игра против Русија или против Доминиканската Република од групата Ц, во која игра уште репрезентацијата на Јужна Кореја, која веќе ги заврши натпреварите со два порази.

Трите најдобри селекции на турнирот ќе се квалификуваат на Олимписките игри.

Од другата половина на турнирот, битката за влез во полуфиналето ќе се води меѓу Грција, Порторико и Јордан од групата А, односно Ливанија, Венецуела и Нигерија од групата Б.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG