Достапни линкови

Контрола на трговијата со оружје


Земјите членки на ОН сакаат да се стави под контрола трговијата со оружје во светот, но разни држави имаат свои ставови за критериумите, меѓу нив и Македонија.

Во седиштето на Обединетите нации во Њујорк се во тек преговори за усвојување прв обврзувачки договор за глобалната трговија со оружје, кои треба да траат до крајот на месецов. Но, уште од стартот проблеми, иако е речиси општа констатацијата дека трговијата со оружје е се поголема закана за човештвото.
Основна задача е да бидат воспоставени критериуми кои државите ќе мора да ги почитуваат при трговијата со оружје, како што се човековите права, меѓународното хуманитарно право, социо-економскиот развој и слично и тоа ќе бидат услови кои ќе треба да бидат исполнети за да може некој трансфер да биде реализиран.
Џеф Абрамсон, директор на организацијата за Контрола на оружјето.

Стартот на преговорите вчера беше одложен за денеска поради разликите околу статусот на посматрач на палестинската делегација. Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун го откажа воведниот говор и официјалниот старт на преговорите, бидејќи Израел се закани дека нема да учествува поради палестинската делегација.

Најголемиот дел од државите членки на Обединетите нации поддржуваат прецизен и силен договор со кој би се регулирала трговијата со оружје, во која се вртат околу 60 милијарди долари годишно, но постојат разлики околу неговата содржина.

Џеф Абрамсон, директор на организацијата за Контрола на оружјето, изјави за Радио Слободна Европа дека целта на овие преговори е да биде изработена што е можно попрецизна регулација.
Основна задача е да бидат воспоставени критериуми кои државите ќе мора да ги почитуваат при трговијата со оружје, како што се човековите права, меѓународното хуманитарно право, социо-економскиот развој и слично и тоа ќе бидат услови кои ќе треба да бидат исполнети за да може некој трансфер да биде реализиран.
Брајан Вуд, Амнести Интернешнел.

„Основна задача е да бидат воспоставени критериуми кои државите ќе мора да ги почитуваат при трговијата со оружје, како што се човековите права, меѓународното хуманитарно право, социо-економскиот развој и слично и тоа ќе бидат услови кои ќе треба да бидат исполнети за да може некој трансфер да биде реализиран.“

Евентуалниот договор ќе треба да биде усвоен од сите земји со консензус, но Брајан Вуд од Амнести Интернешнел изјави дека доколку во овој месец не биде постигнат консензус, постои можност договорот да биде ставен на гласање на Генералниот собрание на Обединетите нации, каде што за негово усвојување е потребно дво-третинско мнозинство.

Во заедничката изјава на Велика Британија, Франција, Германија и Шведска се оценува дека трговијата со оружје е закана за човештвото и се бара усвојување обврзувачки договор. Но, Џеф Абрамсон смета дека постигнувањето консензус ќе биде многу тешко, бидејќи разни држави имаат свои барања, а еден од клучните проблеми е и критериумот за стандардите со човековите права.
Активисти на движењето за Контрола на оружјето демонстрираат пред седиштето на ОН во Њујорк
Активисти на движењето за Контрола на оружјето демонстрираат пред седиштето на ОН во Њујорк

Свои ставови за преговорите во врска со регулирањето на трговијата со оружје изнеле и делегациите на Пакистан, Украина, Ерменија и Македонија.

Пакистан бара да бидат прецизирани видовите на оружје на кои ќе се однесува договорот, за што досега нема консензус.

Украина смета дека договорот не треба да биде дискриминирачи и оти не треба да им го ограничува правото на државите на самоодбрана.

Ерменија исто така настојува во договорот да биде безусловно респектирано правото на секоја земја на самоодбрана.

Македонија, посочувајќи на крвавата историја на Балканот, цврсто го поддржува договорот во широк опсег, вклучително и барањето - државите да имаат обврска редовно да известуваат за нивното придржување до договорот.

Предвидено е преговорите на делегациите да завршат на 27-ми јули.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG