Достапни линкови

Луѓето се полесно се фаќаат за пиштол


Поради социјална несигурност, политичките тензии, радикализацијата на меѓуетничките односи, луѓето земаат парче оружје. Во Македонија има од 110 до 170 илјади поседувачи на нелегално оружје.

Илјада луѓе дневно го губат својот живот од мало огнено оружје, а во светот во моментов има околу 875 милиони парчиња на оружје. Најголем дел од оружјето е во рацете на цивилите. Оружјето е голема закана за човековите права и за демократијата, а претставува и пречка за развојот на било кое општество во светот, велат од невладината Цивили во знак на одбележувањето на глобалната недела за акција против вооруженото насилство. Според нивните проценки во Македонија има од 110 до 170 илјади поседувачи на нелегално оружје.
Она што е многу инидкативно е што во текот на годините расте и подготвеноста да се употреби оружјето. Тоа го гледаме во секојдневието.
Џабир Дерала, Цивил.

„Она што е многу инидкативно е што во текот на годините расте и подготвеноста да се употреби оружјето. Тоа го гледаме во секојдневието“,вели претседателот на организацијата Џабир Дерала.
Претседателот на Цивил, Џабир Дерала.
Претседателот на Цивил, Џабир Дерала.

Според него во нашата земја се уште е изразен култот кон оружјето, но има и други причини кои се загрижувачки и поради кои луѓето се одлучуваат да го поседуваат.

„Тоа е растечката социјална несигурност, политичките тензии во земјата, радикализацијата на меѓуетничките односи и недовербата кон државните институции, особено во полицијата. Тоа ги мотивираат луѓето да земаат парче оружје да го чуваат и да го купат, макар и да е нелегално, бидејќи сметаат дека претходно наведените причини и мотиви се доволно силни за тие да ризикуваат дури и казна затвор.“
Тоа е растечката социјална несигурност, политичките тензии во земјата, радикализацијата на меѓуетничките односи и недовербата кон државните институции, особено во полицијата.
Џабир Дерала, Цивил.

Дерала смета дека контролата на оружјето не е работа само на полицијата, туку на сите институции во општеството и владата е таа која треба да преземе поголеми мерки. Тоа се постигнува пред се со јакнење на довербата на граѓаните и институциите, преку почитувањето на човековите права.

„Исто така мора нај итно да се започне процес на јакнење на довербата меѓу етничките заедници, бидејќи констелацијата во Македонија наведува на заклучокот дека со нарушување на меѓуетничките односи со тензиите меѓу заедниците, мотивацијата да се дојде до парче оружје и до негова употреба рсте од ден на ден“

Потребно се и континуирани акции за јакнењето на свеста и едукација, особено на младите. За таа цел Цивил започна и кампања за потпишување на Парламентарната декларација за поддршка на спогордбата за трговија со оружје, која треба во јули да биде усвоена во ОН.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG