Достапни линкови

Малку предадени парчиња нелегално оружје


Акцијата за предавање и легализација на нелегалното оружје помина неуспешно. Се разгледува можноста за продолжување на акцијата.

Акцијата за предавање и легализација на нелегалното оружје што МВР ја спроведуваше изминатава година е неуспешна, оценува претседателот на невладината организација Цивил, Џабир Дерала. Во МВР велат дека чекаат да се конституира новата власт, за да одлучат дали ќе ја продолжат акцијата.

Според официјалната статистика на МВР, во акцијата што траеше до 5 јуни годинава, биле предадени само 26 парчиња оружје, а биле поднесени 299 барања за легализација на оружје. Министерството позитивно одговорило на 102 барања, а останатите се во процедура,
Тоа е неуспех, но мислам дека тоа е неуспех на целото македонско општество и на сите институции во Македoнија, па вклучувајќи го и граѓанското
општество.

велат во МВР. Според законот, луѓето можеа да го предадат автоматското оружје, кое воопшто не смеат да го поседуваат, без да се идентификуваат и да не сносат никакви последици за тоа. Луѓето што нелегално поседуваат ловечко, спортско или оружје за самоодбрана можеа да поднесат барање за легализација.

Претседателот на Цивил, Дерала, вели дека податоците покажуваат дека акцијата завршила неуспешно.

Претседателот на Цивил, Џабир Дерала.

„Тоа е неуспех, но мислам дека тоа е неуспех на целото македонско општество и на сите институции во Македoнија, па вклучувајќи го и граѓанското општество. Мислам дека ако спроведете акција за борба против нелегалното оружје, особено акција за предавање на нелегалното оружје, вие морате посериозно да ги земете работите во свои раце, морате да ги вклучите сите сегменти во општеството и во системот за да можете да спроведете солидна акција.“

Дерала вели дека ќе побараат од владата и годинава да ја продолжи амнестијата за предавање или легализација на нелегалното оружје, но овој пат да биде проследено со сериозна кампања за информирање на јавноста и за јакнење на јавната свест.
МВР ја разгледува можноста, по формирањето на новиот состав на Собранието за пролонгирање на рокот и можноста граѓаните и натаму да го предаваат нелегално поседуваното оружје и се разбира да го легализираат тоа што може да се
легализира.

Портпаролот на МВР, Иво Котевски, вели дека ја разгледуваат можноста за продолжување на рокот за доброволно предавање или легализација на нелегалното оружје.

„За жал голем број на граѓани не ја искористија можноста, односно имаше само помал број на граѓани кои што го предадоа нелегално поседуваното оружје, додека нешто поголем број ја искористија можноста за легализирање на нелегалното оружје кое може да се легилизира. МВР ја разгледува можноста, по формирањето на новиот состав на Собранието за пролонгирање на рокот и можноста граѓаните и натаму да го предаваат нелегално поседуваното оружје и се разбира да го легализираат тоа што може да се легализира.“

Според проценките на МВР, во Македонија има до 100 илјади парчиња нелегално оружје. Според УНДП, пак, во земјава има меѓу 110 и 170 илјади поседувачи што поседуваат по најмалку едно парче оружје.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG