Достапни линкови

Никој не го предава нелегалното оружје


Граѓаните малку или воопшто не го користат законот кој им овозможува да го предадат или легализираат нелегалното оружје.

Законот на хартија, оружјето под перница. Граѓаните малку или воопшто не го користат законот кој им овозможува да го предадат или легализираат нелегалното оружје. Пред неколку дена нашиот дописник од Дебар јави дека ниту еден граѓанин во изминативе девет месеци не предал нелегално оружје.

Претседателот на невладината организација Цивил Џабир Дерала вели дека
Според официјалните податоци, мислам дека доаѓаат од МВР, само две парчиња оружје се предадени во оној дел што се нарекува амнестија или доброволно предавање на нелегалното
оружје.
ситуацијата е слична и на ниво на целата држава.

„Според официјалните податоци, мислам дека доаѓаат од МВР, само две парчиња оружје се предадени во оној дел што се нарекува амнестија или доброволно предавање на нелегалното оружје.“

Тој вели дека причините за малиот одзив треба да се бараат во неинформираноста на граѓаните. Има ниско ниво на соработка меѓу полицијата и невладините организации, но и ниско ниво на доверба кај граѓаните во институциите на системот, вели Дерала.

Запленетото оружје во Бродец на 9 ноември 2007 година

„Со оглед на тоа каква е ситуацијата во земјата, како работат институциите на системот, како функционира МВР во доменот на контрола на оружје, две
Без афирмација на потребата од разоружување на граѓаните, без една поголема активност која ќе биде организирана од страна на МВР и истата пласирана преку медиумите, неможеме да очекуваме некои посебни резултати на овој план. А дека има нелегално оружје, нема дилема, навистина го има.
парчиња оружје се дури и преголем успех.“

Пензионираниот полковник Благоја Марковски, кој ја водеше акцијата за разоружување во 2003 година, се согласува дека без широка акција за информирање на граѓаните не може да се очекува успех на акцијата за собирање или легализација на нелегалното оружје.

„Без афирмација на потребата од разоружување на граѓаните, без една поголема активност која ќе биде организирана од страна на МВР и истата пласирана преку медиумите, не можеме да очекуваме некои посебни резултати на овој план. А дека има нелегално оружје, нема дилема, навистина го има.“

Законот предвиде рок од една година за граѓаните неказнето да може да го предадат или легализираат нелегалното оружје. Рокот истекува на 5 јуни годинава. При донесувањето на законот, минатата година, МВР соопшти дека во зависност од резултатите, акцијата може да се продолжи.

Официјалните податоци покажуваат дека во земјава има околу 170.000 парчиња легално оружје, најчесто ловечки пушки. Се проценува дека граѓаните поседуваат уште толку нелегално оружје.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG