Достапни линкови

Кризата во стопанството бара соодветни решенија


Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески го пушти во употреба новиот погон за конфекциско перење и сушење во Стојаково.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески го пушти во употреба новиот погон за конфекциско перење и сушење во Стојаково.

Големината на кризата со која е погодено стопанството бара секојдневно пресметување на состојбите за да се донесат адекватни решенија, велат бизнисмените.

Бизнис заедницата има добра соработка со економскиот тим на владата, која им излегува во пресрет на некои од нивните барања, но потребни се повеќе залагања, посебно во време на криза, велат упатените. Стопанските комори започна обиколка на земјава за на лице место да види со кои проблеми се соочуваат компаниите. Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори, вели дека јачината на кризата со која е погодено стопанството бара секојдневно пресметување на состојбите врз чија база треба да се донесат адекватни решенија.
Коморите секако дека ќе имаат предлози. Најголемите проблеми се околу неликвидноста на македонското стопанство, која е со дел е увезена од надворешната криза, но поголем дел е од домашни причини и тука сега владата може брзо да интервенира.
Мирче Чекреџи, Сојуз на стопански комори.

„Коморите секако дека ќе имаат предлози. Најголемите проблеми се околу неликвидноста на македонското стопанство, која е со дел е увезена од надворешната криза, но поголем дел е од домашни причини и тука сега владата може брзо да интервенира.“
Седница на Економски совет на Влада.
Седница на Економски совет на Влада.

Професор Марија Зарезанкова Потевска вели дека владата прифаќа одредени предлози од стопанствениците, но за други нема слух, бидејќи има свои предуслови врз чија основа одредува дали ќе им излезе во пресрет. Пред се тоа зависи од фактот дали сме доволно финансиски јаки за да бидат задоволени барањата на бизнис заедницата.
Факт е дека со новата кредитна линија ќе се задоволат дел од потребите на стопанствениците. Но факт е дека голем дел од луѓето што сакаат да работат, односно нови вработувања и нови претпријатија да се отворат немаат се уште можност лесно да дојдат до капитал.
Марија Зарезанкова Потевска, универзитетски професор.

„Факт е дека со новата кредитна линија ќе се задоволат дел од потребите на стопанствениците. Но факт е дека голем дел од луѓето што сакаат да работат, односно нови вработувања и нови претпријатија да се отворат немаат се уште можност лесно да дојдат до капитал. Тоа е една сериозна пречка на економскиот развој. “

Еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат стопанствениците е освојувањето на нови пазари, додава Потевска.

„Ние веќе 20 години не размислуваме за освојување на нови пазари, односно не вложуваме доволно средства. Пред се тоа е резултат бидејќи се нема доволно финансии за нови пласмани.“

Според Чекреџи, потребно е владата силно да интервенира за да се сопре падот на македонската економија, но учество треба да земат и сите засегнати страни.

„Пред се и најважно е да се отвори една јавна дебата во која учество ќе земат сите социјални фактори, како синдикатот, коморите и владата и во тој социјален дијалог да се најдат најефикасните мерки.“

Експертите очекуваат стопанството да забележи пад и во второто тромесечие од годината.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG