Предупредувањето на Транспаренси интернешнал е содржан во извештајот под наслов: „Пари, политика и власт: корупциски ризици во Европа“, што е објавен денеска. Во него, меѓу другото, се оценува дека во минатата година празнините во власта придонесоа за појава на финансиски и политички скандали во скоро секоја европска земја.
Најслаби играчи во борбата против корупцијата во Европа, како што се додава, се политичките партии, бизнисот и јавниот сервис. Како најдобри алки во справувањето со овој криминал се покажаа државните ревизори, омбудсманите и изборните комисии.
Транспаренси интернејшнал прецизира дека ниту една земја не добила чиста оценка во таканаречната проверка на интегритетот во врска со корупцијата. Она што најмногу загрижува е порастот на корупцијата. Имено, како што се додава, премногу влади се уште не се доволно одговорни во јавните финансии и јавните договори.
Пол Зубков е програмски координатор во Транспаренси интернешнал и одговорен за подготовка на извештајот. Според него, сегашната европска финансиска криза ја открива цената на самозодоволството во врска со справувањето со корупцијата.
Всушност, во извештајот се посочува дека Грција, Италија, Португалија и Шпанија, четирите земји чии финансиски проблеми претставуваат најголема опасност за еврото, се на врвот на листата на земји со сериозни дефицити на одговорно однесување во јавниот сектор и со длабоко вкоренети проблеми со неефикасноста, небрежноста и корупцијата.
Зубков оценува дека веќе не може да се игнорираат врските меѓу корупцијата и кризата во еврозоната.
„Со цел да се излезе од еврокризата, од суштинско значење овие празнини во антикорупциската обрана да бидат пополнети. Со цел да се напредува и да се обезбеди стабилност на јавните трошоци е потребно да постои целосна транспарентност во врска со одлуките донесени од политичарите и како тие јавни средства се потрошени.“
Зубков исто така вели дека организацијата Транспаренси интернејшнал е загрижена за уназадување на позитивниот напредок против корупцијата во земјите кои во 2004 година станаа членки на Европската унија.
„Она што го наоѓаме кај поновите членки е дека некои од нив уназадуваат во борбата против корупцијата. Тоа можеби најмногу се однесува на Унгарија, Словачка и Чешка“, наведува Пол Зубков за најновиот извештај на Транспаренси интернејшнал за корупцијата во Европа.
Во првиот систематски приказ на капацитетот на Европската унија во борбата против корупцијата се даваат и препораки, меѓу нив и и зголемување на транспарентноста при лобирањето и донирањето во партиите.
Транспаренси интернејшнал препорачува донесување закон за заштита на информаторите кои укажуваат на корупција во јавниот, но и во приватниот сектор.
Со цел да се излезе од еврокризата, од суштинско значење овие празнини во антикорупциската обрана да бидат пополнети. Со цел да се напредува и да се обезбеди стабилност на јавните трошоци е потребно да постои целосна транспарентност во врска со одлуките донесени од политичарите и како тие јавни средства се потрошени.Пол Зубков, програмски координатор во Транспаренси интернејшнал.