Достапни линкови

Мубарак - прв арапски лидер осуден од својот народ на Суд


Хосни Мубарак доби доживотен затвор за убиство на мирољубиви демонстранти. Египќаните пресудите ги следа на ТВ во живо

Поранешниот египетски Претседател Хосни Мубарак со хеликоптер е префлен од судницата во затвор надвор од Каиро.
Тој денеска е осуден на доживотен затвор за убиство на мирољубиви демонстранти за време на демонстрациите против неговиот режим. Судијата Ахмед Рефат изјави
Прво го казнуваме Мухамед Хосни ал Саид Мубарак на доживотен затвор за актите кои му се припишани во убиствата“


„Судот ги осудува обвинетите кои се присутни, освен второ обвинетиот кој е осуден во отсуство. Прво го казнуваме Мухамед Хосни ал Саид Мубарак на доживотен затвор за актите кои му се припишани во убиствата“


Мубарак осуден на доживотен затвор
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:03 0:00

Доживотна казна затвор за истото дело доби и поранешниот министер за внатрешни работи Хабиб ал Адлу. Судијата Ахмед Рефат од друга страна изјави дека обвиненијата против Хосни Мубарак и неговите синови Ала и Гамал за поткуп се отфрлени.
Тие сепак остануваат во затвор и ги чека процес за берзански манипулации.


Максималната казана за Мубарак и другите обвнинети беше смрт. Судските пресуди емитувани на ТВ во живо предизвикаа ерупција на хаос и тепачки внатре во судницата.
Луѓето извикуваа дека одлуките не биле фер.
Надвор од судницата пак се славеше.
Мубарак е првиот арапски лидер кому му судеше неговиот народ во Суд.
Околу 5 илјади полицајци и 2 илјади војници ја обезбедуваат полициската академија каде што процесот се одвиваше.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG