Достапни линкови

Имало ли кампови на Ал Каеда во Македонија?


На 15 јули 2005 година експлодираше бомба во близина на полициската станица Бит Пазар во Скопје при што беа оштетени и околните куќи и дуќани.
На 15 јули 2005 година експлодираше бомба во близина на полициската станица Бит Пазар во Скопје при што беа оштетени и околните куќи и дуќани.

За време на конфликтот, во Македонија имаше паравоени кампови за обука, но никој не потврдил дека се на Ал Каеда, вели поранешниот разузнавач, професор Владимир Пивоваров.

Изјавите за постоење кампови од МВР не ги коментираат. Вчера, професорот по безбедност Иван Бабамовски наведе дека во Македонија имало три кампа за обука на припданици на Ал Каеда.
Од 2001 наваму, еден беше на Лешница, еден беше на Три Води и еден се уште е на 15 киломентри пред Јажинце, тоа е камп во којшто се обучуваат терористи од сите ќелии од радикален исламски тероризам.
Иван Бабамовски, универзитетски професор во пензија.

„Од 2001 наваму, еден беше на Лешница, еден беше на Три Води и еден се уште е на 15 киломентри пред Јажинце, тоа е камп во којшто се обучуваат терористи од сите ќелии од радикален исламски тероризам.“
Две тромблонски гранати беа истрелни во близина на Владата на 6 август 2007 година.
Две тромблонски гранати беа истрелни во близина на Владата на 6 август 2007 година.

Професор Владимир Пивоваров изјави дека во Македонија во периодот за време на конфликтот во 2001 и извесен период после тоа постоеле кампови за обука на терористички организации, но дека никој не потврдил дека во нив се обучувале припадници на Ал Каеда.

„Ваквите кампови во Република Македонија исклучително беа за борбена обука на тогашните воени единици кои беа од страната на терористите.“
МВР располага со беспилотни летала кои многу лесно може да детектираат таква појава. Ако има, МВР сигурно дека ќе постапи согласно законите.
Владимир Пивоваров, универзитетски професор.

Тој смета дека денес, ако има такви кампови, има институции кои тоа треба да го решат.

„МВР располага со беспилотни летала кои многу лесно може да детектираат таква појава. Ако има, МВР сигурно дека ќе постапи согласно законите“, вели Пивоваров.

Анлитичарот Назми Малиќи изрази чудење зошто се објавуваат податоци за постоење кампови, особено што разузнавачките служби не кажале дека имаат сознанија за истите.

„Никогаш нити го рекле, нити го потврдиле. Нивна задача е таквите произволни изјаснувања од одредени професионални кругови да се обработат.“

Прашањата за можно присуство на радикални структури во Македонија кај
јавноста продолжија да се отвораат по убиството кај Смилковското Езеро.

Професор Иван Бабамовски кој не исклучува да има уште такви акции наведе дека Македонија се наоѓа на крстопатот на сите видови радикализам кои користејќи методи на радикализам и фундаментализам настојуваат да ги заштитат сопствените интереси.

„На Балканот постои една нераскинлива спрега помеѓу организираниот криминал, тероризмот и политиката“, вели Бабамовски.

Професор Владимир Пивоваров изјави дека за да се зборува дека има присуство на тероризам секогаш на крајот мора да има некој кој се легитимира кој стои позади актот, значи одредена организација и барања од таквата организација.

„Тие два суштествени елементи од дефиницијата на тероризмот ги немаме и тоа остава простор за размислување дали е така, не е така или пак позадината е сосема друга што не сакале да ни ја соопштат. Треба да сочекаме, оние првични изјави кој е мотивот и позадината, во најскоро време официјалните институции да ја кажат позадината и мотивот на овој кривично-правен настан.“

МВР во почетокот на месецот по извршената обемна акција објави дека се откриени извршителите на петкратното убиство кај Смиљковското Eзеро. Како што соопшти министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска врз основа на истражните докази, се работи за следбеници на радикалниот ислам.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG