Лимонтусот во Битола се троши како алва во време кога зимниците не се актуелни, тврдат сопствениците на повеќето битолски супермаркети. Ако до пред неколку месеци се трошеле по неколку стотини пакувања, сега бројот на продадени лимонтуси достигнува и до неколку илјади во месецот. Се претпоставува дека зачестено го купуваат наркозависници и го користат за разблажување на дрогата при интравенско инјектирање.
„Едно пакување чини три до четири денари. Зголемена е потрошувачката како никогаш досега. Се случува оваа пролет да продадеме и по педесетина пакувања лимонтус дневно, што е навистина многу и претходно не се случувало во овие размери“, вели Марјан Симоновски, сопственик на супермаркет од Битола.
Аптекарите објаснуваат дека лимонтусот обично се додава во храната како адитив односно конзерванс, а зависниците го користат за во случај ако употребуваат опојни дроги, пред се хероин.
„Дилерите го употребуваат со цел да го зголемат количеството на дрога и да остварат поголем профит. Додека оние кои ја користат дрогата го употребуваат при самото подготвување на дрогата, со цел да ја разблажат, зголемат количината и да можат повторно да ја користат“, вели аптекарката Анета Геровска.
Во битолската полиција веќе одамна имаат информации за разблажување на дрогата со лимонтус, но во моментот не можат да потврдат дали зголемената продажба на овој адитив значи и зголемен број на наркозависници во Битола. Ни од Метадонскиот центар не откриваат дали расте бројот на уживатели на дрога во градот.
„Се рабзоти за професионална тајна, ние не смееме од тука да изнесуваме бројки согласно нашата лекарска етика. Оваа бројка што е на лекување кај нас не е правата бројка на наркозависници. Не би кометирал дали бројот бележи пораст“, вели началникот Љупчо Алексовски.
Освен лимотусот за мешање на догата се користат течни бензодијазепини, метадон, гипс, боја, кна, кои можат да бидат смртоносни.
Едно пакување чини три до четири денари. Зголемена е потрошувачката како никогаш досега. Се случува оваа пролет да продадеме и по педесетина пакувања лимонтус дневно, што е навистина многу и претходно не се случувало во овие размери.Марјан Симоновски, сопственик на супермаркет од Битола.
„Едно пакување чини три до четири денари. Зголемена е потрошувачката како никогаш досега. Се случува оваа пролет да продадеме и по педесетина пакувања лимонтус дневно, што е навистина многу и претходно не се случувало во овие размери“, вели Марјан Симоновски, сопственик на супермаркет од Битола.
Аптекарите објаснуваат дека лимонтусот обично се додава во храната како адитив односно конзерванс, а зависниците го користат за во случај ако употребуваат опојни дроги, пред се хероин.
Оние кои ја користат дрогата го употребуваат при самото подготвување на дрогата, со цел да ја разблажат, зголемат количината и да можат повторно да ја користат.Анета Геровска, аптекарка.