Достапни линкови

На „Ангелот“ да пишува дека е за бранителите


Полицијаци положуваат цвеќе на споменикот „Ангел“ во Битола во чест на загинатите бранители кај Вејце во 2001 година. 28.04.2012 година.
Полицијаци положуваат цвеќе на споменикот „Ангел“ во Битола во чест на загинатите бранители кај Вејце во 2001 година. 28.04.2012 година.

Семејствата на загинатите кај Вејце бараат на споменикот „Ангел“ подигнат во нивна чест во Битола, да пишува дека загинале како бранители.

Семејствата на четворицата битолчани кои загинаа во Вејце за време на конфликот во 2001 година реагираат зашто на споменикот „Ангел“ подигнат во нивна чест во центарот на градот, не е наведено дека починале како бранители.
Дали овие луѓе загинаа во сообраќајна несреќа? Ова се луѓе кои загинаа бранејќи ја сопствената држава, а ние од овој споменик тоа не можеме да го видиме. Годините минуваат, некогаш нашите поколенија кога ќе дојдат до овој споменик нема да знаат од што загинале овие луѓе. Семејствата на загинатите реагираат на ова, треба да пишува каде загинале. Ние овде не можеме да видиме дека се работи за споменик на бранители, за споменик на припадници на полиција и армија. Цело време го констатираме, но до денес не е направена таква корекција.
Стојанче Ангелов, „Достоинство“.

На спомен обележјето запишани се само имињата на бранителите, годините на раѓање и загинување и паралота „хероите не се забораваат“. Но, никаде не стои дека биле припадници на полицијата и дека загинале на браникот на државата, вели Стојанче Ангелов од „Достоинство“, кој ја пренесува рекацијата на роднините.

„Дали овие луѓе загинаа во сообраќајна несреќа? Ова се луѓе кои загинаа бранејќи ја сопствената држава, а ние од овој споменик тоа не можеме да го видиме. Годините минуваат, некогаш нашите поколенија кога ќе дојдат до овој споменик нема да знаат од што загинале овие луѓе. Семејствата на загинатите реагираат на ова, треба да пишува каде загинале. Ние овде не можеме да видиме дека се работи за споменик на бранители, за споменик на припадници на полиција и армија. Цело време го констатираме, но до денес не е направена таква корекција“, вели Ангелов.

Градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески вели дека за да се дополни текстот на плочата треба родителите да достават барање до Комисијата за споменични облежја, а потоа тоа да се препрати до Завод и музеј. Токму тие би го имале последниот збор колку текст и што уште може да се додаде на споменикот.

„Нашиот дел е да одделеиме маркица, средства, да спроведеме постапка за тендер и да го изградиме споменикот. Другите работи има закон кој ги регулира. Доколку достават барање веднаш ќе реагираме до Завод и музеј од каде ќе ни кажат што може, а што не може“, вели Талески.

Деновиве, со положување на цвеќе пред споменикот „Ангел“ беа оддбележани 11 години од загинувањето на четворицата полициски специјалци кај Вејце. Беа нападнати во заседа додека патролираа на Шар Планина. Настанот кај Вејце беше еден од предметите за кои Хашкиот трибунал не најде елеманти на воено злосторство и предметот и го врати на Македонија.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG