Како и што најави дневниот печат, така и би. Во саботата се одржаа контра-протести, овојпат на млади и малолетни етнички Македонци, како одговор на протестите на млади и малолетни етнички Албанци во, петокот, кои исто така со премногу емоции протестираа против водењето на целата постапка од страна на МВР околу уапсените 20-ина души, како што рече Јанкулоска, радикални исламисти, од кои поголемиот дел беа пуштени поради немање елементи за покренување постапки против нив.
Објективен посматрач на настанот, каков што очигледно е Владо од Скопје на нашата веб-страница напишал дека за жал, и младите Македонци, како и младите Албанци, се изманипулирани и дека настапот бил контрапродуктивен и со многу лоши пораки. Но за некој потпишан со Македонец, новинарите од нашево радио повторно се „шунд новинари“ кои известувале различно кога станувало збор за протестите на Албанците и за протестите на млади за, како што вели, поддршка на Владата. (При ова, почитувани, нема да го цитирам Македонецот кој без да размисли, неумерено пишува навредливо и со говор на омраза за таа етничка групација).
Бојан исто така со коментар реагира на преголемиот радикализам на младите Македонци, цитирајќи ја својата претходна порака во врска со убиството, дека: „убиецот е убиец, без разлика на бојата на кожата, на очите, дека убиецот не е раса, не нација, дека работникот во Фолксваген не е Хитлер, дека турбанот на глава не е Бин Ладен...“
Зачудува необјективноста на некои наши слушатели, кои постојано и' забележуваат на Радио Слободна Европа дека пишува, според нив, непријателски статии - секогаш кога извештаите објективно ги наведуваат фактите, но, се чини, вистината не им се допаѓа. За информацијата „Пропуштена шансата за НАТО на Самитот во Чикаго“, која е фактографска дури ако се чита и од Месечината, некој НИН коментира дека би требало да се објави со променет наслов: „НАТО пропушти шанса за свое проширување со уште една посветена, демократска и слободарска земја“.
Но Горан од Гевгелија лапидарно коментира: „А што мислеа они, дека ќе влезат - немој да се лажете и народот да го лажете“.
Информацијата за трошењето пари од кредити од странство и од народот за спомениците во Скопје и за најновите златни коњи во паркот Жена борец, Нострадамус од Струга забележал: „Кучињата лаат, карванот си врви - што сме гласале тоа и ќе имаме, а ова ќе го плаќаме ние и нашите генерации“.
За жал, и младите Македонци, како и младите Албанци, се изманипулирани.Коментар од читател.
Објективен посматрач на настанот, каков што очигледно е Владо од Скопје на нашата веб-страница напишал дека за жал, и младите Македонци, како и младите Албанци, се изманипулирани и дека настапот бил контрапродуктивен и со многу лоши пораки. Но за некој потпишан со Македонец, новинарите од нашево радио повторно се „шунд новинари“ кои известувале различно кога станувало збор за протестите на Албанците и за протестите на млади за, како што вели, поддршка на Владата. (При ова, почитувани, нема да го цитирам Македонецот кој без да размисли, неумерено пишува навредливо и со говор на омраза за таа етничка групација).
Убиецот е убиец, без разлика на бојата на кожата, на очите, убиецот не е раса, не нација, работникот во Фолксваген не е Хитлер, турбанот на глава не е Бин Ладен.Коментар од читател.