Во со долгови зафатената Грција измамата беше откриена откако уште еднаш беа проверени податоците до што дојде по големиот притисок од меѓународните кредитори за намалување на грчкиот дефицит. Владата им ги прекина исплатите на семејствата што продолжуваа да ги примаат бенефициите и по смртта на нивните членови. Исто така се запрени и парите за побогатите кои биле пријавени како социјални случаи за да можат да црпат пари од буџетот.
„Тие беа фатени по обемната истрага и сега на државата ќе и бидат вратени тие средства“, изјави еден анонимен претставник на Министерството за труд.
Кратењата постепено се имплементираа од минатиот септември и според пресметките, земјата со нив годишно ќе штеди над 800 милиони евра. Грција веќе ги намали пензиите за 25 проценти што беше неопходно за да може да смета на спасувачкиот финансиски пакет од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.
Со скоро една четвртина од 11-милионската популација, пензиите се најголемиот товар за државната каса. Грчката великодушна социјална држава и пренатрупаниот јавен сектор се посочуваат како главни виновници за долгот на Грција кој е за 1,6 пати поголем од економијата на таа земја. Сите напори да се поткрепи пензискиот систем беа попречувани од големата стапка на навработеност во земјата која достигна рекордно ниво од 22 насто.
„Тоа е срамота. Тоа е голема срамота. Можеше да биде еден од нас, од нашето семејство. Сите ние ќе извршиме самоубиство. Добив пензија, но наместо 400, само 180 евра. Како ќе живееме со ова?“, изјави Зое Цирогијани, откако пред извесно време во Атина избувнаа нереди кога еден Грк се самоуби на главниот атински плоштад Синтагма.
Дел од грчките експерти, пак, како Михалис Мазуракис од Алфа банката, се согласни дека Грција ја чекаат уште потешки времиња.
„Очигледно, ние ќе претрпиме големо кратење поради ова реструктирање на долговите, но во исто време, се случува и докапитализација на грчките банки. Станува збор за многу важна трансакција сама по себе, но факт е дека тоа е почеток на враќање на довербата во економијата“, вели Михалис Мазуракис од Алфа банката.
Во меѓувреме, лидерот на ПАСОК Евангелос Венизелос, претставувајќи ја на телевизијата платформата на владеење доколку победи на изборите на 6 мај, предложи целосна ревизија на Уставот.
„На Грција и треба голем национален и социјален договор за „Нова држава“, која ќе биде демократија на консензус, бидејќи ништо не може да се постигне со маргинално малцинство“, изјави Венизелос.
Тој предложи намалување на бројот на заменици министри и драстична редукција на државното финансирање на политичките партии.
Тие беа фатени по обемната истрага и сега на државата ќе и бидат вратени тие средства.Анонимен претставник на Министерството за труд.
„Тие беа фатени по обемната истрага и сега на државата ќе и бидат вратени тие средства“, изјави еден анонимен претставник на Министерството за труд.
Кратењата постепено се имплементираа од минатиот септември и според пресметките, земјата со нив годишно ќе штеди над 800 милиони евра. Грција веќе ги намали пензиите за 25 проценти што беше неопходно за да може да смета на спасувачкиот финансиски пакет од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.
Тоа е срамота. Тоа е голема срамота. Можеше да биде еден од нас, од нашето семејство. Сите ние ќе извршиме самоубиство. Добив пензија, но наместо 400, само 180 евра. Како ќе живееме со ова?Зое Цирогијани, пензионер од Грција.