Достапни линкови

Собранието во „празен од“


Наместо решавање на отворени прашања во најважните домени од денешницата, народните избраници се фаќаат за минатото, велат познавачите.

Неколку денови по активностите со кои пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во Собранието се занимаваат со новиот Закон за лустрација и со процесот на рехабилитација на жртвите од комунизмот, како и со декларацијата за членство во НАТО, опозицијата обвинува дека владејачката коалиција не е на пат да ги исполни главните цели.
Од „Детонаторот“, од убиството на младите момчиња, од проблемот внатре во коалицијата. Затоа измислуваат лустрации за да ги мотивираат ДУИ и тие да бараат рехабилитација, теми кои имаат единствена функција да ја замаглат суштината на работите пред очите на граѓаните.
Тито Петковски, НСДП.

Пратеникот Тито Петковски од НСДП, истакнува дека тука улога игра и нивната желба да го дефокусираат внимнието од суштинските проблеми што се случуваат во јавноста и наведува зошто тие сакаат да го прават тоа.

„Од „Детонаторот“, од убиството на младите момчиња, од проблемот внатре во коалицијата. Затоа измислуваат лустрации за да ги мотивираат ДУИ и тие да бараат рехабилитација, теми кои имаат единствена функција да ја замаглат суштината на работите пред очите на граѓаните. “

Собранието не може да се бави со случајот - истрага по убиството. Не може да ги следи економските текови, тоа е работа на надлежното министерство, односно на Владата. Собранието е надлежно да ја следи законската рамка. Не би се согласил дека ние се занимаваме со минорни работи.
Талат Џафери, ДУИ.
Пратениците од владеjачкото мнозинство критиките ги земаат на многу очекуваниот начин. Опозицијата се фокусира на обвинувања, раководена од тоа што и е работа, вели Талат Џафери од ДУИ. Дел од објаснувањето на активностите на владеjачката коалиција, барем во делот на законите и декларациите, лежат во тоа дека секоја институција треба да се бави со своите надлежности. Собранието со законадавството, а изборната власт да се занимава со извршните надлежности, објаснува Џафери.

„Собранието не може да се бави со случајот - истрага по убиството. Не може да ги следи економските текови, тоа е работа на надлежното министерство, односно на Владата. Собранието е надлежно да ја следи законската рамка. Не би се согласил дека ние се занимаваме со минорни работи.“

Но, други нивни колеги кои ја познаваат работата на Собранието меѓу кои и поранешниот претседател на Собранието Стојан Андов ги упатуваат пратениците од власта дека треба нешто да менуваат, посебно оние работи кои може да бидат релевантни за пошироки цели.

Последниот склоп на настани почна да го потикнува поранешниот претседател на Собранието Стојан Андов да размислува дека Парламентот оди со празни чекори. Според него заинтересираноста за минатото, пак, која се дефинира преку законот за лустрација го окрива општото очекување за исправања на грешките направени во минатото, но остануваат отворени прашања во најважните домени.

„Во сферата на безбедноста имаме сериозни проблеми. Се гледа дека ние се уште не можеме да ја етаблираме земјата во системот во кој сакаме да биде. Тие основни прашања не се никогаш предмет на собраниски седници, а се изгледа како да се работи нешто страшно важно, до тепање ја тераат работата“, вели Андов.

Вчера донесената декларација може да се донесе во секое време но нема влијание врз исходот од Чикаго, вели Андов. Пратенците од опозицијата сфатија дека станува збор за преповторување на веќе три слични документи донесени во Собранието.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG