Достапни линкови

Да се остават институциите да ги расветлат убиствата


Протести во центарот на Скопје, по петкратното убиство во Смиљковци. 16, април 2012
Протести во центарот на Скопје, по петкратното убиство во Смиљковци. 16, април 2012

Ако институциите не ја завршат работата во разумен рок, тогаш може да се протестира во однос на институците и нивната посветеност, оценуваат експертите.

Експертите укажуваат дека во однос на убиството на мочињата кај Смилковското Езеро од клучно значење е да се најдат злосторниците за да може да се види кои биле мотивите, а со тоа и докрај да се каже во која насока може да одат последиците.

Ако се најдат злосторниците, тогаш ќе може да се види која е генезата и кои се главните мотиви. Јас се надевам на една друга работа, дека полициите од регионот ќе соработуваат. Ако има таква соработка, тогаш имаме еден силен индикатор дека односите се развиваат во добар правец, нема да се сомневаме во некакви задни мотиви од некои делови на нашите сосед.
Владо Поповски, професор.
По шпекулциите дека зад петкратното убиство стојат политички мотиви или дека станува збор за одмаздничко дело, анализите на професор Владо Поповски се фокусираат не на тоа да се обвинуваат некакви кругови, туку да се бараат сторителите. Таа работа, според него, може да се заврши ако и полициите од регионот реагираат спремно по повикот на МВР за соработка.

„Ако се најдат злосторниците, тогаш ќе може да се види која е генезата и кои се главните мотиви. Јас се надевам на една друга работа, дека полициите од регионот ќе соработуваат. Ако има таква соработка, тогаш имаме еден силен индикатор дека односите се развиваат во добар правец, нема да се сомневаме во некакви задни мотиви од некои делови на нашите соседи.“

Според Поповски, тешко може да се идентификуваат прецизно некои групи но очигледно дека има определени кругови кои што сакаат да останат затегнати односите во Македонија и граѓаните од различна припадност постојано да се држат на
Ако зборуваме за поголеми групи или за некои конспирации на кои деновиве сме сведоци на социјалните мрежи а за жал и некои медиуми излагаа со неодговорни ставови, тие се за мене шпекулативни. Така да, не знам од соседството на кого би му евентуално одговарало кај нас да има тензии.
Алберт Муслиу, политички аналитичар.
штрек. Во секој случај, бидејќи не може да се утврди основата на мотивот, последиците се јасни и ги оптоваруваат меѓуетничките односи кои се кршливи поради низа настани кои претходеа во Македонија, но и на Балканот, како разните идеи за прекројување граници и сето тоа создава дополнителни тензии, наведува Поповски.

Според политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, секогаш има интересни групи на кои им одговараат конфликтни ситуации, но според него тие за среќа се мали.

„Ако зборуваме за поголеми групи или за некои конспирации на кои деновиве сме сведоци на социјалните мрежи, а за жал и некои медиуми излагаа со неодговорни ставови, тие се за мене шпекулативни. Така да, не знам од соседството на кого би му евентуално одговарало кај нас да има тензии.“

Според експертите, прашање на кое треба да се посвети внимание се и протестите што се организираат засега преку социјалните мрежи. Според повеќето согледувања тие се легитимни за да се искаже несогласување со бруталниот чин и се легитимни во смисла на контсруктивен притисок врз институциите за откривање на злосторот.

„Меѓутоа доколку тие протести се јават во синџир и евентуално почнат да формираат омраза, тогаш значи дека има неприфатливи центри и во нашата средина“, вели Поповски.

Да се зачува разумот!
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:31 0:00


Затоа, според експертите, во овој момент треба да има само еден одговор, а тоа е воздржаност како израз на политичка зрелост со цел да се остави државата да ја заврши истрагата. Ако институциите не ја завршат работата во разумен рок тогаш може да се протестира во однос на институците и нивната посветеност или не посветеност, оценуваат тие.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG