Достапни линкови

Жалост и тага и интензивна истрага на МВР


Во Скопје денеска е мирно, информираат од МВР, полицијата е мобилизирана и врши интензивна истрага за пронаоѓање на сторителите на убиството на 5-те лица во близина на село Смилковци. Завршена е обдукцијата на телата на убиените и тие им се предадени на семејствата. Во општина Бутел денеска е ден на жалост, а за денеска попладне е најавена прес конференција на полицискиот оперативен штаб кој го истражува злосторството, на која се очекуваат повеќе детали.

Ден на жалост прогласи општина Бутел поради убиството на пет лица во атарот на скопското село Смиљковци. Четирите момчиња од Радишани и возрасен маж од Црешево биле застрелани завчеравечер. Околу 22 и 30 часот рибари ги виделе нивните трупови покрај вештачкото езеро и пријавиле во полиција. Имале видливи рани од огнено оружје и чаури околу нив.

​Убиства внесоа гнев и страв кај жителите на Радишани и Црешево кои вчера излегоа на протестити. На неколку места беа блокирани локалните патишта и обиколницата во близина на местото каде што се случило убиството. Од Министерството за внатрешни работи денеска информираат дека ситуацијата е мирна, за разлика од вчера кога група гневни млади момчиња од Радишани својот бес го насочија кон полицијата и кон дел од новинарите кои беа во близина на местото на злосторството.

Повици за воздржаност и смирување на страстите испратија претседателот на државата, власта и опозицијата. Претседавачот на ОБСЕ, ирскиот заменик премиер Имон Гилмор ги повика властите во Македонија да спроведат брза истрага изразувајки надеж дека сторителите на овој грозоморен чин ќе бидат изведени пред лицето на правдата.


Блокирани патишта по убиствата во Смиљковци
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:57 0:00
XS
SM
MD
LG