Достапни линкови

Обичниот народ во војна секогаш е губитник


Абедин Зумбери, поранешен пратеник и поранешен припадник на ОНА.
Абедин Зумбери, поранешен пратеник и поранешен припадник на ОНА.

Конфликтот од 2001 година не врати 50 години назад. Грешка е што некои политичари ја прават војната за да перат пари, вели слупчанецот Абедин Зимбери, поранешен пратеник и поранешен припадник на ОНА, кој во конфликтот изгуби 10 члена од семејството.

Абедин Зимбери една деценија по конфликтот се врати во своја куќа во липковското село Слупчане.
Во текот на војната ми беше разурната целата куќа и дуќанот, пропадна фирмата што ја имав, занаетчиската работилница на жена ми во која изработуваше бел вез. Пет месеци живеевме по роднини, не беше издржливо тоа, па моравме да дојдеме под кирија во Куманово. Шест години нешто со наши, а нешто со позајмени пари, со моите деца сами бевме мајстори, успеавме во се уште недовршената куќа по десет години да се вратиме во моето родно село.
Абедин Зумбери, поранешен пратеник и поранешен припадник на ОНА.

„Многу е тешко кога човекот е чесен и кога не сака туѓи пари да внесе в куќи. Затоа и животот ми беше многу тежок. Почнав еден живот од нула. Со моја пот и со мојот труд. Се вработив во Општината Липково. Првата година кога отидовме како потстанари ми беше потешка и од војната, ми се чини. Имаше некој ден кога немавме ниту за леб. Човекот изгледа е многу јак. До Министерството за труд и социјални работи неколку пати поднесував барања за статус на раселено лице и да добивам некаква помош, но ниту еднаш не добив позитивен одговор.“

Вака ја почнува својата животна приказна Абедин Зумбери од липковското село Слупчане, пратеник од Собранието под апанажа, поранешен учесник во конфликтот на страната на тогашната ОВК. Во таа 2001 година, за која вели дека војната била наметната, а во која тој и неговата фамилија останале најголеми губитници, бидејќи десет члена од фамилијата му загинале, а 32 биле ранети, меѓу кои и неговиот тогаш 13-годишен син.
Не само во Липково, никаде војната не носи ништо добро. 2001-та година требаше да биде пример како не треба. Војната донесе душевни болки, трауми, сиромаштија, се вративме 50 години назад. Татко ми пред 50 години бил во ваква ситуација и еве јас се вратив на тој период. Ние не одиме напред, туку ете јас се вратив за 50 години. Војната никому не донесе добро. Грешка е што некои политичари ја прават војната за да перат пари. Ни се наметна војната, мислам дека тоа беше глупост, а можеше парите потрошени за војната и од странски инавестиции за реновирање на куќи да беа вложени во нешто, во бизниси, Македонија ќе беше во Европа, ќе бевме економски поразвиени и не верувам дека тогаш некој ќе го прашаше некого што е, дали е Македонец или е Албанец. Тие грешки ќе ги плаќаме не само ние, туку и идните генерации, зашто се уште нема ум.
Абедин Зумбери, поранешен пратеник и поранешен припадник на ОНА.

„Во текот на војната ми беше разурната целата куќа и дуќанот, пропадна фирмата што ја имав, занаетчиската работилница на жена ми во која изработуваше бел вез. Пет месеци живеевме по роднини, не беше издржливо тоа, па моравме да дојдеме под кирија во Куманово. Шест години нешто со наши, а нешто со позајмени пари, со моите деца сами бевме мајстори, успеавме во се уште недовршената куќа по десет години да се вратиме во моето родно село.“

РСЕ: Што донесе војната?

„Не само во Липково, никаде војната не носи ништо добро. 2001-та година требаше да биде пример како не треба. Војната донесе душевни болки, трауми, сиромаштија, се вративме 50 години назад. Татко ми пред 50 години бил во ваква ситуација и еве јас се вратив на тој период. Ние не одиме напред, туку ете јас се вратив за 50 години. Војната никому не донесе добро. Грешка е што некои политичари ја прават војната за да перат пари. Ни се наметна војната, мислам дека тоа беше глупост, а можеше парите потрошени за војната и од странски инавестиции за реновирање на куќи да беа вложени во нешто, во бизниси, Македонија ќе беше во Европа, ќе бевме економски поразвиени и не верувам дека тогаш некој ќе го прашаше некого што е, дали е Македонец или е Албанец. Тие грешки ќе ги плаќаме не само ние, туку и идните генерации, зашто се уште нема ум.“

РСЕ: Кога дојдовте во Куманово со две кеси лични работи, што размислувавте?

„Војната беше залудна, зашто тие што ја направиле војната беа надвор од тоа. Штом заврши војната тие си дојдоа на власт и си направија големи пари, а учесниците и жртвите потоа останаа и без пари и без надеж за живот. Војните ги прават оние кои прават злоупотреби. Од војната наваму не е решен ниту еден проблем, туку ги уништи некои работи кои ги имаше порано. Немам надеж за подобро“, вели Абедин.

Тој е поранешен каратист и тренер кој имал свој клуб, а кој пак по конфликтот се соочувал со бројни прашања од неговите двајца синови.
Во таа војна јас не влегов со математика што ја правел некој друг. По војната тие си ја реализираа во дело. Не сум бил вклучен, а и не сакав да бидам со нив и затоа останав на страна и изгубив се и најповеќе од сите.[...] Сум бил наивен. Сите други добивале на моето име, ги добија луѓето во конфликтот, а во политиката поради мене ги добија гласачите. Ме злоупотребија за нивните бизниси.
Абедин Зумбери, поранешен пратеник и поранешен припадник на ОНА.

„Едниот син имаше 13, а едниот 10 години. Поголемиот беше ранет во чело. Тогаш немав работа, а требаше да го лекувам. Немав пари, немав здравствена книшка. Го гледав детето како се мачи. Душевната болка тешко се лекува. Не верувам дека кај син ми траумите сосема исчезнаа. Времето лекува трауми, ама во оваа ситуација тешко. Тој заврши на Штулов универзитет, Труд и социјална политика. Другиот е на втора година на Правно-политички науки на државен универзитет. Сопругата по војната не работи.“

Абедин раскажува за младоста на неговите деца, многу различна од онаа на нивните врсници. За нивните прашања зошто тоа им се случило и зошто со две кеси лични работи се доселиле во Куманово, тој вели:

„Младите сакаат да имаат свој живот, а моите деца го немаа. Сепак сфатија дека само некој глупав човек го направи тоа. Ние не сме биле виновни. Ни се наметна војната, зашто бевме во нашата куќа. Имаше моменти кога мене ме критикуваа, ми велеа види како нивните деца живеат, какви коли возат, се шетаат, одат напред, а ние седиме дома. Како пораснаа сфатија дека чесноста е поважна отколку туѓо да се зема. Се научија самите да заработат и иако вака животот е тежок, подобро е отколку од туѓа крв да ги храниш децата. Мислам дека тоа е проклето, зашто верувам дека Господ гледа се.“

РСЕ: На училиште имаше ли уште раселени и како децата со нив се однесуваа?

„Во одделението на син ми имаше уште четворица и сите беа гледани како деца од дел каде што имало војна, се чувствуваш како странец, како да си агресивен. Секогаш им било тешко, зашто ние навистина живеевме тежок и поинаков живот.“

РСЕ: Дали некогаш некое дете дошло кај вас дома?

„Не, никогаш. Имавме мала просторија и веројатно тие знаеле. Син ми беше понекогаш повикуван да оди кај нив, но ретко кога одеше, зашто требаше да ги покани и тој нив.“

Во тие моменти децата му приговарале на Абедин и, како што вели, многу тешко му паѓало, но и го терало да размислува каде згрешил и како од тие грешки да излезе со поука и за себе и за своите деца.

„Во таа војна јас не влегов со математика што ја правел некој друг. По војната тие си ја реализираа во дело. Не сум бил вклучен, а и не сакав да бидам со нив и затоа останав на страна и изгубив се и најповеќе од сите.“

Оние што го познаваат Абедин велат дека е коректен човек во секоја смисла. Тоа го раскажуваа и заробените Македонци во конфликтот. А Абедин, кој по конфликтот беше вклучен и во политиката вели:

„Сум бил наивен. Сите други добивале на моето име, ги добија луѓето во конфликтот, а во политиката поради мене ги добија гласачите. Ме злоупотребија за нивните бизниси.“

Изгорен од своето искуство, Абедин смета дека во војните сите обични луѓе се жртви и дека губитник е Македонија и сите луѓе кои живеат во неа.

„И да не мислат дека ако ние Македонците ги убиеме Албанците ќе добиеме или ако Албанците ги убијат Македонците ќе можат да живеат раат. Секој што вперува оружје кон другиот никогаш нема да има сон.“

Секој друг начин сите нас не турка во катастрофа, смета Абедин.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG