Како признание од колегите диригенти кои имале можност да ги проследат неговите изведби и како валоризација на долгогодишните успеси и освоени награди на меѓународните натпревари со различни ансамбли од Македонија, Сашо Татарчевски беше член на интернационалното жири на престижниот хорски натпревар кој се одржа изминатиов викенд на Универзитетот за музика во Гдањск, Полска. Поканата тој ја добил минатата година во Варшава, каде со хорот „Драган Шуплевски“ го освои првото место на фестивалот „Варсовиа кантат“.
„Ваквите покани не доаѓаат случајно, зад себе мора да имате успеси на тој план, значи како диригент, како раководител на хорски ансамбли и треба да се поминат неколку нивоа и да се освојат неколку први награди, да се потврди нивото во тек на неколку години“, вели Татарчевски.
Тој потенцира дека посебно го прави среќен тоа што добил покана да биде во жири токму на овој фестивал, бидејќи тој претпоставува натпревар на хорови на највисоко можно ниво и притоа како посебност ги издвојува хорските ансамбли од Словенија, како што вели, земја блиска до нас, „но многу далеку во организацијата и општественото поимање на значењето на една ваква уметност каква што е хорската“.
Татарчевски дополнува дека како диригент на Женскиот младински хор при МКЦ, мешаниот хор „Драган Шуплевски“ при Факултетот за музичка уметност и професионалниот хор „Проарс“, неговата интенција секогаш била да се учествува на врвните натпреварувања и да се измерат силите со рамните или со подобрите од себе.
„Мислам дека можеме да се носиме со многу, многу од хоровите кои се во тоа прво ниво на квалитет, меѓутоа тоа бара голема работа, бара континуирана работа и во секој случај бара многу подобра организација генерално. Пред се зборувам како струкова организација, една организација на диригенти и хорови, која се покажува дека кај нас е многу тешко да се направи од неразбирливи причини, но исто така и поголема општествена би ја рекол јас поддршка, не можеби државна, туку општествена поддршка, бидејќи бенефитите од постоење на многу хорски ансабли се гледаат во земји како Словенија, како Литванија, каде што тоа е многу развиено, имаат многу посреќна, поинтелегентна и поангажирана младина“, вели Татарчевски.
Диригентот заклучува дека со неговите ансамбли добива бројни покани за учество на разни напревари, но дека притоа единствената пречка за настапи на повеќето од нив се недостатокот од финансиски средства.
Ваквите покани не доаѓаат случајно, зад себе мора да имате успеси на тој план, значи како диригент, како раководител на хорски ансамбли и треба да се поминат неколку нивоа и да се освојат неколку први награди, да се потврди нивото во тек на неколку години.Сашо Татарчевски, диригент.
„Ваквите покани не доаѓаат случајно, зад себе мора да имате успеси на тој план, значи како диригент, како раководител на хорски ансамбли и треба да се поминат неколку нивоа и да се освојат неколку први награди, да се потврди нивото во тек на неколку години“, вели Татарчевски.
Тој потенцира дека посебно го прави среќен тоа што добил покана да биде во жири токму на овој фестивал, бидејќи тој претпоставува натпревар на хорови на највисоко можно ниво и притоа како посебност ги издвојува хорските ансамбли од Словенија, како што вели, земја блиска до нас, „но многу далеку во организацијата и општественото поимање на значењето на една ваква уметност каква што е хорската“.
Мислам дека можеме да се носиме со многу, многу од хоровите кои се во тоа прво ниво на квалитет, меѓутоа тоа бара голема работа, бара континуирана работа и во секој случај бара многу подобра организација генерално.Сашо Татарчевски, диригент.