Нема повеќе ВМРО ваква, ВМРО онаква, ни Обединета, ни Македонска, сите се една иста ВМРО-ДПМНЕ, пообединета од секогаш. За само една недела кон матичната партија се вратија, прво Додовски и дел од членството на ВМРО-НП, потоа Обединета за која ретко кој се сеќава за која партија се работи и најновото Филип Петровски и приврзаниците на Демократската десница. Претходно, кон ВМРО-ДПМНЕ се припои и ВМРО-Македонска.
Окрупнувањето на политичката сцена е очекуван процес, вели професор Здравко Савески и додава дека тоа не треба многу да ја зачудува јавноста.
„Во Република Македонија има доста политички партии кои се едноставно нерелевантни и кои не можат да опстојат на партиската сцена и бидејќи се забележува дека тоа е така, решаваат да се влеат во нивните сродни партии, од кои често и излегле.“
Окрупнувањето на десницата предизвика коментари и на социјалните мрежи. Па така, луѓето инспирирани од тоа дека сите патишта на десничарските партии завршуваат во ВМРО-ДПМНЕ, ќе забележат:
„И тие шо беа во ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ќе преминат во ВМРО-ДПМНЕ, за секој случај.“
„На пример, ако сакам да преминам во ВМРО-ДПМНЕ, лопата тие ќе ми дадат или сам треба да си купам?“
„Старите Словени всушност не биле Стари Словени, тоа биле Антички Македонци кои преку Карпатите преминале во ВМРО-ДПМНЕ. “
„И пратениците од ДУИ се интегрираа во ВМРО-ДПМНЕ.“
„Уште СДСМ фали да се припои кон ВМРО-ДПМНЕ, па ќе завладее вистинска демократија.“
Десницата се окрупнива, а опозицискиот СДСМ на пиедестал ги враќа старите кадри. Со Совет на ветрани, СДСМ сака да извојува политичка битка против Груевски, објави партијата. Мирослав Грчев, Никола Поповски и Софија Тодорова ќе бидат јадрото на Советот, кој за цел ќе има да ги покрене сите интелектуалци против власта. Во Советот, меѓу другите се и Илинка Митрева, Тале Герамитчиески, Благоја Стефановски, Никола Ќуркчиев, Ѓунер Исмаил, Александар Гештакоски.
На СДСМ му треба одредено освежување, и на идеолошки и на прагматско-политички план, вели Савески.
„Она што малку фрла сомнеж на сето тоа е како преку постари кадри, да се изведе тоа освежување и времето ќе покаже дали тоа освежување во СДСМ ќе го донесат постарите нивни кадри.“
Во Република Македонија има доста политички партии кои се едноставно нерелевантни и кои не можат да опстојат на партиската сцена и бидејќи се забележува дека тоа е така, решаваат да се влеат во нивните сродни партии, од кои често и излегле.Здравко Савески, универзитетски професор.
Окрупнувањето на политичката сцена е очекуван процес, вели професор Здравко Савески и додава дека тоа не треба многу да ја зачудува јавноста.
„Во Република Македонија има доста политички партии кои се едноставно нерелевантни и кои не можат да опстојат на партиската сцена и бидејќи се забележува дека тоа е така, решаваат да се влеат во нивните сродни партии, од кои често и излегле.“
Окрупнувањето на десницата предизвика коментари и на социјалните мрежи. Па така, луѓето инспирирани од тоа дека сите патишта на десничарските партии завршуваат во ВМРО-ДПМНЕ, ќе забележат:
„И тие шо беа во ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ќе преминат во ВМРО-ДПМНЕ, за секој случај.“
„На пример, ако сакам да преминам во ВМРО-ДПМНЕ, лопата тие ќе ми дадат или сам треба да си купам?“
Старите Словени всушност не биле Стари Словени, тоа биле Антички Македонци кои преку Карпатите преминале во ВМРО-ДПМНЕ.Коментар од Фејсбук.