Никого ниту сме канеле, ниту убедувале, а најмалку поткупувале да ја напушти ВМРО-Народна партија и да ни се приклучи, реагира владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Почесниот претседател на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски вчера обвини дека власта го купила досегашниот претседател на „народњаците“ Марјан Додовски, кој претходно соопшти дека партијата се распушта и оти целото раководството и најголемиот дел од членството се враќаат во ВМРО-ДПМНЕ. Георгиевски вели дека со Додовски заминале само неколкумина членови на партијата. Тој нагласи дека ВМРО-НП останува во опозиција и оти тој ќе ја предводи партијата.
Георгиевски обвини дека ВМРО-ДПМНЕ е „тоталитарна партија“ која „ниту признава медиумска слобода, ниту повеќепартиски систем“.
Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека Георгиевски треба да ги побара „причините за заминувањето на огромен дел на членството и раководството на ВМРО-Народна“, кај себе.
„Георгевски не треба да очекува дека ако ние ги спречуваме членовите на Народна да не се враќаат, дека тоа ќе му ја спаси и одржи партијата од пропаѓање. Тоа се истите оние луѓе кои до неодамна многу му веруваа и жестоко го напаѓаа ВМРО-ДПМНЕ верувајќи во зборовите и советите на нивниот почесен лидер, но кога нешто не се прави искрено и на здрави основи, тоа е осудено да заврши неславно. Луѓето имаат свој ум, и колку и да му веруваат на лидерот и колку и да се подложни на разни манипулации, сепак на крајот самите пресудуваат“, се наведува во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Професор Јове Кекеновски, кој одблиску ги следи случувањата на десницата, вели дека Додовски нема, ниту моќ, ниту авторитет да и нанесе сериозен удар на ВМРО-НП.
„Авторитетот на почесниот претседател Љубчо Георгиевски е поголем и мислам дека за кратко време тој ќе се обиде да ја возобнови партијата, односно да ја постави на вистинските позиции. Прашање е дали ќе има успех понатаму. Тоа е веќе дискутабилно од причини што Георгиевски, како лидер во сенка, имаше можност и досега да се покаже, односно да го обедини она што остана од малубројната десница, бидејќи гледаме дека Груевски цело време успева сите помали партии со префиксот ВМРО да ги придобие“, вели Кекеновски.
Од друга страна, Слободан Чашуле, кој своевремено беше член на ВМРО-НП, вели дека на политичката сцена веќе нема место за партии-сателити што се одвоиле од големите политички партии и служат само како „изговор за политичко постоење“ на нивните лидери.
„Претопувањето на ВМРО-НП во ВМРО-ДПМНЕ е природно, дотолку повеќе што уште на самиот почеток, кога се организираше таа партија, во нејзиниот статут стоеше дека може да се биде член и на ВМРО-Народна и на ВМРО-ДПМНЕ. Така што, тој недоволно доречен однос, односно дефиниција, го донесе она што го очекувавме, а тоа е губење на позицијата во јавноста“, вели Чашуле.
Тој потсетува дека слична е ситуацијата и на левицата – ниту една партија што се одвои од СДСМ не успеа да се легитимира на политичката сцена.
Филип Петровски од Демократска десница вели дека не сака да ги коментира случувањата во другите партии. Ниту од СДСМ не сакаа да коментираат „или на каков било начин да се мешаат во внатрешните случувања на која било политичка партија“.
Луѓето имаат свој ум, и колку и да му веруваат на лидерот и колку и да се подложни на разни манипулации, сепак на крајот самите пресудуваат.ВМРО-ДПМНЕ.
Почесниот претседател на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски вчера обвини дека власта го купила досегашниот претседател на „народњаците“ Марјан Додовски, кој претходно соопшти дека партијата се распушта и оти целото раководството и најголемиот дел од членството се враќаат во ВМРО-ДПМНЕ. Георгиевски вели дека со Додовски заминале само неколкумина членови на партијата. Тој нагласи дека ВМРО-НП останува во опозиција и оти тој ќе ја предводи партијата.
Георгиевски обвини дека ВМРО-ДПМНЕ е „тоталитарна партија“ која „ниту признава медиумска слобода, ниту повеќепартиски систем“.
Авторитетот на почесниот претседател Љубчо Георгиевски е поголем и мислам дека за кратко време тој ќе се обиде да ја возобнови партијата, односно да ја постави на вистинските позиции. Прашање е дали ќе има успех понатаму. Тоа е веќе дискутабилно од причини што Георгиевски, како лидер во сенка, имаше можност и досега да се покаже.Јове Кекеновски, универзитетски професор.