Македонските репрезентативци во нордиско скијање и во бијатлон, Дарко Дамјановски и Ѓорѓи Ицоски и селекторот Ѓоко Динески, по исполнетите норми за Светското првенсто и за Олимписките игри во Сочи, со зголемена самодоверба ги чекаат најзначајните натпревари сезонава. Станува збор за четирите бијатлонски трки од ИБУ купот, кои од 11-ти до 17-ти февруари ќе се одржат во канадскиот Кенмор, како и за Светското првенство од 29-ти февруари до 10-ти март во германскиот Руполдинг.
Освен за индивидуалниот, тие на овие натпревари ќе бркаат резултати и за подобрување на репрезентативниот рејтинг, односно за пласман во Светскиот куп. Селекторот верува дека неговите избраници таа цел може да ја исполнат уште во Канада:
„Врвна цел ни е Светското првенство и ние веќе ја темпираме и ја насочуваме формата кон СП. Меѓутоа мислам дека и тука би можеле да го дадат својот максимум. Целта ни е да собереме бодови како нација и да се пласираме во првите три земји кои не настапуваат на Светскиот куп и со тоа да добиеме шанса наредната сезона да се вратиме повторно во Светскиот куп. Шансите се реални со тоа што таму има 4 силни натпревари на коишто мислиме дека ќе собереме доволно бодови за да се избориме да стигнеме во тие први три нации“, изјави Динески.
На прашањето дали е оптимист и кога е во прашање настапот на Мундијалот, Динески вели:
„Оптимисти сме секој пат, меѓутоа останува многу работа. Знаеме сите колку е силна конкуренцијата во бијатлон. Таму 40 натпреварувачи се во секое време способни и спремни да влезат во првите три места, односно во медаља. Тоа значи многу силна конкуренција. Очекувам ние да постигнеме што подобро време и што помал процент на заостанување со што би си го обезбедиле нашето место и нашето учество на тие големи светски натпревари“.
Слично размислува и нашиот најголем адут, Дарко Дамјановски. Тој признава дека формата не му е на потребното ниво, што, сепак, не е причина да не верува дека има сили на трките во Канада да влезе меѓу 30-те најдобри, а на Мундијалот да атакува на пласман до 60-тото место.
„Уште не сум во најдобра форма, но се надевам со добра стрелба дека и формата ќе се покачи. Нормално дека психата многу делува. Добар резултат е да влеземе во 60 на Светското првенство. Тоа е голем резултат, тоа е навистина врв. Се надеваме, сме работеле околу формата за Светското првенство и се надеваме на исклучително добар резултат“, рече Дамјановски, кој изминатиот викенд со по едно четврто и деветто место, беше најдобропласираниот македонски нордиски скијач на 49-тиот Мавровски меморијал.
Врвна цел ни е Светското првенство и ние веќе ја темпираме и ја насочуваме формата кон СП. Меѓутоа мислам дека и тука би можеле да го дадат својот максимум. Целта ни е да собереме бодови како нација и да се пласираме во првите три земји кои не настапуваат на Светскиот куп и со тоа да добиеме шанса наредната сезона да се вратиме повторно во Светскиот куп. Шансите се реални со тоа што таму има 4 силни натпревари на коишто мислиме дека ќе собереме доволно бодови за да се избориме да стигнеме во тие први три нации.Ѓоко Динески, селектор на македонската репрезентација во нордиско скијање и во бијатлон.