„Денот на дрвото претставува школски пример за манипулација со која власта ни ја навредува интелигенцијата веќе шеста година“ - пишува, покрај другото во уводникот на неделникот
Засади дрво - голем бизнис
Фокус - за да продолжи со анализа како од една акција со благородна цел, со разни манипулативни операции и со помош на скапо платените мегафони во јавните гласила се доаѓа до партиско узурпирање на се' што може да се узурпира, при што мртви-ладни, вели, не' убедуваат дека 100 илјади граѓани преку ноќ станале кадарни за садење пет-шеесет садници во просек. Иако медиумите претходно го слават рекордерот кој засадил едвај 16 фиданки. И точно кога некој ќе каже дека проектот е параван за крадење државни пари, тогаш бидува прогласен за противник на пошумувањето! Фокус наведува дека оваа шема се практикува во сите можни варијанти, а деновиве ја видовме при потпишувањето на разни апели и протести до меѓународните факториза зачувување на македонскиот идентитет - претставено од Пастирот како комбинирана 2 во 1 метода, па сега оди бојкотирај ја измамата што стои зад садењето недоброј непостоечки, а сепак, скапо платени фиданки! - извикува авторот на уводникот.
Во Фокус е објавен и текст за претпријатието преку кое оди акцијата „Засади дрво“, - Македонски шуми - во кој се забележува дека со години на ред ова претпријатие има годишен приход од 25 до 30 милиони евра, кое вдомило 2.440 луѓе, за кои само за плати месечно се издвојуваат по 1 милион евра, дека има 50 директори, секој од нив со свој возач, плус голем број секретарки, правници, економисти и други службеници, но нема работници да сечат дрва в планина па дури 92 проценти од работата ја извршуваат надворешни фирми, како што било објавено во извештајот на државниот ревизор, кој исто така навел дека Македонски шуми за 2007 година должеле неплатен ДДВ, данок на добивка и персонален данок во износ од околу 22 милиони евра, а УЈП му овозможила плаќање на долгот на рати со грејс период кој трае до 2013 година!
Глобус - загрижувачка сиромаштија
Во Глобус, пак, е објавена загрижувачка анализа за се' поголемата сиромаштија во Македонија. Во текстот со наслов „Има ли народна кујна за да ја собере цела Македонија?“, наделникот наведува дека во земјава постојат околу 40 народни кујни каде што бесплатен топол оброк добиваат 4.100 лица, дека во земјава над 30 проценти од населението е под линијата на биолошкиот опстанок, што значи дека буквално нема што да јаде, при што се поставува прашањето како да се прехранат 600 илјади луѓе? Или, има ли државава можност да изгради една голема кујна во која би влегла безмалку целава Македонија? - прашува Глобус.