Косовската фудбалска федерација го осуди инцидентот на натпреварот во Косово на кој навивачи го запалија македонското знаме. Генералниот секретар на федерацијата Ерол Салиху вели дека федерацијата ќе спроведе спортски санкции против клубот-домаќин на натпреварот.
„Ние ќе спроведеме спортски санкции, разговараме и со клубот, но тоа е во надлежност на полицијата и тие ќе истражуваат понатаму, ние можеме само спортски санкции да спроведеме. Тоа ке оди преку дисциплинска комисија, но не можам сега да прејудицирам какви ќе бидат санкциите. И самото претседателство на клубот е незадоволно од настанот.“
Во косовските медиуми овој инцидент беше опишан како реакција на минатонеделниот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Албанија кога на стадионот беа извикувани антиалбански слогани. Тој настан одекнал силно во медиумите во Косово. Салиху вели дека косовските навивачи не требало да реагираат на тие случувања.
„Не требаше да реагираат. Тоа што го правеле навивачите во Македонија нека оди на штета на македонското општество, но не смее да се повторува тоа затоа што тоа е типичен балкански синдром, и ние треба на крајот на краиштата сами за себе да му покажеме на светот дека сме спортски организирани и дека нема да дозволиме никакви политички слогани да има на стадионите.“
Осуда и од косовското МВР
Министерството за внатрешни работи на Косово го осуди палењето на македонското знаме за време на фудбалски натпревар во Качаник, како и истакнувањето на транспарентот - „2012 не е крај на светот, туку крај за Македонија“.
- Некои поединци истакнаа трансперент на кој беше изразена омраза и го запалија знамето на Република Македонија, се вели во соопштение од косовското МВР.
Министерството додава дека во тек е истрага и ќе бидат преземени мерки за да се казнат одговорните за инцидентот.
Македонија вчера го осуди палењето македонско знаме на фудбалски натпревар меѓу клубовите Лепенци и Дрита во Качаник и истакнувањето на транспарентот.
Реакции во Македонија
Албанските политички партии во Македонија го осудија инцидентот. Пратеникот од опозициската ДПА Зиадин Села вели дека осудува секакво насилство, но додава дека поголема тежина има зборот потсетувајќи на минатонеделниот натпревар. Тој смета дека пред се е потребно да се зборува за причината за настанот со цел да се избегнат такви инциденти во иднина.
„Не слушнав некој да ме праша пред две недели кога беа извикувани пароли „Смрт за шиптарите“, „Мртов шиптар е добар шиптар“, „Гасни комори за шиптарите“ итн. Значи пред да зборуваме за последиците за тоа што се случува во соседството, убаво би било да ги прашаме нашите власти што направија со знамето што беше запалено пред две-три години на средбата со Лирија, кога се правеа дека не се има случено тоа.“
Портпаролот на владејачката партија ДУИ Бујар Османи изјави дека осудува секаков говор на омраза на стадионите и додаде дека Фудбалските федерации треба да се ангажираат за да спречат вакви настани и да ги детектираат вандалите. Со реакција се јавија и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои очекуваат од косовските власти да реагираат брзо и да го санкционираат радикализамот на фудбалските навивачи. Македонското министертво за наворешни работи испрати протестно писмо до косовското министерство. Пораката од МНР е дека палење на знаме е лошо за добрососедските односи.

Не требаше да реагираат. Тоа што го правеле навивачите во Македонија нека оди на штета на македонското општество, но не смее да се повторува тоа затоа што тоа е типичен балкански синдром.
Ерол Салиху, генерален секретар на косовската фудбалска федерација.